Кевин Андрес Муњоз Товар, млад колумбиски актер, кој глумеше за стриминг платформата „Нетфликс“ и „Епл ТВ“, беше пронајден мртов, со врзани раце и нозе.
Телото на младиот актер, кој имал 23 години, било пронајдено пред два дена во градот Тулуа со неколку рани од мачета, пренесуваат странските медиуми, пренесува британски „Сан“.
Полицијата соопшти дека како осомничен за убиството е уапсен 19-годишен маж чие име не е познато.
„Полициската управа на Вале известува дека благодарение на навремените информации од граѓаните, уапсен е 19-годишен маж, кој наводно учествувал во убиството на Кевин Андрес Муњоз Товар, познат колумбиски филмски актер.“, изјави началникот на полицијата.
Субјектите кои ги нанеле повредите потоа побегнале од местото на настанот, но благодарение на информациите од заедницата, еден од нив бил фатен.
Кевин учествуваше во филмот „Лаваперрос“ на Нетфликс од 2020 година, во режија на Карлос Морено, кој се фокусира на конфликтот помеѓу човек во финансиски проблеми и продавач на зеленчук кој сака да го убие.
Учествуваше и во серијата на „Ехо 3“ на Епл ТВ, во која имаше споредна улога. Обожавателите на Кевин се збогуваат на социјалните медиуми со актерот.
„Толку зло, толку многу болка“; „Боже мој… колку е тажно! Бог нека му помогне на неговото семејство со оваа страшна болка“, беа дел од коментарите.
Инаку, мотивот за убиството засега не е познат.
Полицијата соопшти дека осомничен за убиството е неименуван 19-годишен маж, кој е уапсен благодарение на дојави од граѓани, соопшти полицијата.
„Лицата што го повредија Кевин побегнаа од местото на настанот, но благодарение на информациите од заедницата, еден од нив беше фатен“, изјави началникот на локалната полиција.
Засега не се познати мотивите за нападот и убиството, но од приложеното може да се заклучи дека Кевин бил мачен до смрт. Истрагата сè уште е во тек.
Младиот актер играше споредна улога во филмот на „Нетфликс“ од 2020 година „Лаваперос“ и беше дел од актерската екипа на ТВ серијата „Ехо 3“ на „Епл“.