Реклама
Култура[тор]

Новогодишен Кидсфест

Реклама

На 21 и 22 декември, во Соравиа Центар Скопје ќе се одржи новогодишното издание на детскиот фестивал КИДСФЕСТ.

Маркетинг

Овие два дена сите деца и нивните родители ќе имаат можност да уживаат во волшебна бајка полна со многу пријатни изненадувања, најразлични интересни активности и слатки новогодишни подароци.

21 декември ќе започне со  необична изложба посветена на највозбудливата детска приказна – новогодишната елка. Професионалните модни креатори и стилисти: Роберт Ивановски, Олгица Ѓоргиева, Ирина Тошева, Искра Џокиќ, Елена Додевска, Hard to Еxplain,  Снежана Јаначковска-Богдановска, Ивана Кнез и Бранка Данчевска, како и професорот по керамика Филип Фидановски и учениците Виктор Цветановски и Тамара Трајкова  од Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје – ќе ни покажат како со  користење на модните трендови може да се создаде убава и уникатна новогодишна елка која ќе стане вистински украс на секој дом. 

Истиот ден младите посетители ќе можат да ја гледаат претставата „ВЉУБЕНАТА ПРИНЦЕЗА„ подготвена специјално за овој фестивал од група талентирани актери на чело со Горан Трифуновски. Новогодишната декорација во Соравија Центарот за Кидсфест 12/13 ќе ја изработат познатите скопски муралисти Руки и Флим во нивниот весел и креативен стил, кои исто така ќе ја покажат својата техника со индивидуален час на вториот ден на Кидсфестивалот.

Покрај Руки и Флим, програмата на 22 декември ќе понуди и други интересни едукативни активности. Децата ќе имаат можност да научат да прават вкусни слатки од марципан и ќе дознаат како се изработуваат украси од глина и различни новогодишни подароци. Дизајнерката Искра Џокиќ ќе демонстрира како се цртаат модни скици. А за оние кои сакаат да се одморат и да се реклаксираат, организаторите подготвија празничен час по јога воден од  професионален инструктор.

Како и во секое издание на КИДСФЕСТ, и овој пат дел од програмата ќе бидат модни ревии. Оваа година ќе се претстават дизајнерката Ирина Тошева со својата нова детска колекција, Лукас Спорт, брендот ExtremeIntimo со фантастична „пижама забава„ и бутикот за деца Колибри.   Во текот на целиот ден ќе работи игротеката DREAMLAND и ќе биде отворена изложбата „Новогoдишна дизајнерска елка„ . Исто така,  лудите часови по HIP-HOP за идните диско ѕвезди и театарското шоу „ВЉУБЕНАТА ПРИНЦЕЗА„ ќе бидат дел од овогодишната возбудлива новогодишна приказна наречена КИДСФЕСТ во организација на Модна Недела Корпорација во најубавото новогодишно детско катче Соравиа Центар Скопје.

Поврзано

Back to top button