Ново остварување на Добрила и Дориан Дуо – вака традицијата ѝ шепоти на сегашноста (видео)

Добрила и Дориан Дуо ја заокружија годинава, како што вели Добрила, со убаво.
„А и вам ви посакуваме најубаво од убавото и најдоброто од доброто. За Среќна нова. Фала на другарите од XOTEL“, вели Добрила Грашеска.
Во оваа епизода Дорбила и Дориан создаваат звучен пејзаж каде што традицијата шепоти на сегашноста, вткајувајќи вековни македонски народни песни со смели и иновативни нишки.
Нивната музика се чувствува како чекор во стар гоблен кој оживува – продорниот и богат глас на Добрила одекнува како река на сеќавања, додека удот и луповите на Дориан Јовановиќ танцуваат помеѓу земјата и етерот.
Во нивните раце, песните стануваат раскажувачи, пренесувајќи историја, јазик и емоции со секоја нота.
Во продолжение, слушнете и зошто.
Инаку, видеото е снимено во Меливора студио во текот на летото, а премиерата се случи на 29 декември.