Шминка

Како до совршени веѓи?

Advertisement

Козметички производ кој заедно со маскарата е еден од најважните во нашите козметички несесери е новото моливче за веѓи „Brow Elegance“ од Seventeen кој неодамна имавме прилика да го пробаме и од кој се воодушевивме.


Advertisement

BROW ELEGANCE

Не мораме ни да ве потсетуваме дека густите веѓи се најголемиот хит за оваа сезона но и дека и оние најубавите мораат внимателно да се негуваат. Исто како што не треба да ве потсетуваме и дека моливчето за веѓи покрај тоа што го обликува вашето лице може да послужи и како одличен производ со кој ќе постигнете драматичен изглед без дополнителна шминка. Откако ќе ги обликувате веѓите најдобро е да посегнете по нијансата која потполно одговара на природната боја на вашите веѓи избирајќи моливче со добра четкичка.

Advertisement

При изборот на вашето идеално моливче за веѓи треба да внимавате неговата текстура да не биде премногу мрсна, туку пудреста и колку што е можно подолготрајна. Да, во моментот во мода се широки природни веѓи, но без разлика, држете се кон правилото да не го менувате премногу природниот облик на веѓите, бидејќи токму таквиот облик најдобро стои и на тој начин, без разлика на актуелните козметички трендови, веѓите убаво ќе го заокружат вашето лице и ќе ги истакнете цртите, што е секогаш во мода.

Наш предлог за молив кој преку целиот ден ќе остане непроменет благодарение на неговиот специјален состав е новиот молив за веѓи Brow Elegance All Day Precision Liner од Seventeen од кој се воодушевивме. Со него ќе добиете убаво обликувани веѓи, со природен или истакнат ефект, во зависност од индивидуалните карактеристики на лицето. Овој производ е идеален за изведување на сите нови техники на веѓите, дефинирање на соодветниот облик, корекција на евентуалните недостатоци и менување на бојата. Достапен е во шест интензивни бои, со долготраен ефект и е потполно стабилен на високите температури. Покрај преубавите нијанси тука е и специјално обликуваната четка за совршено нанесување на пудрестата текстура. Производот е офталмолошки тестиран, без парабени, и што можеби е најважно, и покрај високиот квалитет на производот, исиот може да се набави по крајно поволна цена.

Кликни тука и види ја цената на овој производ >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button