Уште едно беспрекорно издание на јорданска кралица
Кралицата Ранија е една од најдобро облечените дами од кралскиот двор
Таа е позната и како голем борец за правата на жените во Јордан кои со нејзина помош се изборија за значително подобра положба во однос на поранешните години. Таа поради нејзината несекојдневна убавина во 2005 година беше прогласена за трета по ред најубава жена според познатиот магазин „Harpers & Queen“.
Јорданската кралица под името „Vintage Dreams“ ја отвори изложбата на ракотворби под покровителство на организацијата „Jordan River“. Таа на отворањето се појави во ефективен фустан. Креацијата е со плисиран крој со миди должина и интересен крој на ракавите, а Ранија својата линија ја нагласи со ремен со кој често ги зачинува своите формални изданија. Покрај овој моден додаток таа носеше и чанта со животински дезен, големи златни обетки и шпиц високи потпетици со метален отсјај. Инаку целото име на 47 годишната кралица е Рание ал Абдулах, а стана кралица на Јордан кога се омажи за својот сопруг Абдулах II, односно кога нејзиниот свекор се разболе па Абдулах II го презема престолот во 1999 година.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Ранија?