Ох, ги обожаваме новите лобутинки на Меланија Трамп! Вие?
Нејзиниот маж можете да го сакате или да го мразите, но стилот на Меланија Трамп едноставно не можете, а да не го обожавате!
Меланија во улога на презентерка се појави на доделувањето на наградите „Women of Courage“ во Вашингтон кои еднаш во годината се доделуваат на најхрабрите жени од целиот свет. Таа за овој настан избра бел мантил-фустан со елегантен крој кој со ремен во иста боја се врзува во пределот на половината и почнува да се шири кон долниот дел.
Според модните критичари токму ваквите мантили кои потсетуваат на фустани станаа заштитен знак на Првата дама. Но она што го привлече нашето внимание овој пат не беше оваа креација туку високите потпетици со потписот на генијалниот Кристијан Лобутин.
Меланија изгледа како холивудска дива во овој фантастичен црвен капут >>
Па, што велите за овој модел?
Еве зошто Jулијана (а не Mеланија) важи за најдобро облечена прва дама на светот >>