Класичните чокери се „мртви“. Погледнете ги новите огрлици што ќе бидат хит во 2017!
Овие огрлици беа апсолутен хит во 2016
Нема девојка која не носеше чокер-огрлица од тантела, кадифе или свила во своите дневни или вечерни изданија во претходните неколку сезони. Но на овие модни додатоци полека им се гледа крајот, а на нивното место доаѓа нивната нова верзија – зачинета со синџири.
Сакате чокери? Тогаш на овој нема да можете да му одолеете >>
Имено, Кендал Џенер која е и една од главните виновници за популаризацијата на овој моден тренд во светски рамки, сега ги замени своите чокер-огрлици со новите модели со кои, во последно време, можеме да ја видиме се’ почесто. „Навистина е интересно да гледаме како трендовите доаѓаат и си заминуваат од сцената. Во еден момент сум воодушевена од нешто, а потоа во следниот не можам да го смислам. Сето ова време носев чокери од ткаенина, но нивното време помина“ вели познатата 21 годишна манекенка која својот нов омилен моден додаток многу често го носи во пар со други слични модни додатоци.
Заборавете ги голите гради на Циџи, ајде да зборуваме за новите чокер-огрлици на Версаче >>