Култура[тор]
Излезе новиот филм за Дијана (TРЕЈЛЕР)

Филмот „Дијана“ за прочуената британска принцеза, во кој главната улога ја игра Наоми Вотс, наскоро ќе ја доживее и својата премиера.
Теориите за смртта на принцезата Дијана, овие денови се повторно присутни по медиумите, а причината, во најголема мерка е биографскиот филм кој ќе се појави во кино салите на есен, во септември.
За режијата на филмот се погрижи Оливер Хиршбигл, кој во својата биографија ги има филмот „Инвазија“, како и популарната серија „Борџија“.
Во овој филм за Дијана, кој го носи и нејзиното име, ќе ни ги прикаже последните две години од нејзиниот живот, а најголем акцент ќе биде ставен врз нејзиниот љубовен живот, со докторот Хаснат Кан.
{youtube}_GRnIiXn-B8{/youtube}