Трендови

Заборавете на култните адидаски, овие патики мора да ги имате ако сакате оваа есен да бидете во чекор со трендовите!

Advertisement

Овие патики се маст-хев веќе неколку сезони

Advertisement

Покрај мегапопуларниот Стен Смит модел од адидас кој е хит веќе неколку сезони, се повеќе блогерки и познати трендсетерки од целиот свет своите комбинации ги заокружуваат со патиките Nike Cortez. Тие изгледаат совршено и можат да ја подигнат секоја комбинација, притоа враќајќи не во ретро стилот кој оваа година е мошне популарен.

Можете да ги носите на безброј начини, а како инспирација ви предлагаме да ги погледнете овие прекрасни комбинации на познатите ИТ девојки на Инстаграм.

Advertisement

Погледнете ги моделите од кадифе кои беа хит претходната сезона

Ова лето најпопуларен е моделот во бела, сина и црвена боја, но за есен 2017 на негово место може да дојде варијантата во црвена боја бидејќи токму таа боја се води како една од најпопуларните за новата сезона.

Можете да ги носите во комбинација со „mom’s jeans“ или со елегантна блуза и здолниште – што и да изберете со овие патики нема да погрешите.

На следната страна погледнете ги новите модели >>

Инаку, Nike оваа сезона ни претстави три нови нијанси (oil grey, light orewood brown и terra blush.) од кои секој модел во задниот дел е украсен со змиски дезен. Покрај ова внатре во секоја патика може да се најде и силна порака, а по повод новата соработка со A.L.C. лансирана е и нова кампања со Бумика Арора, Синди Брун И Габи Даглас. Колекцијата на пазарот ќе се појави за само неколку дена и тоа по цена од 100 долари, а веќе од 28 август ќе можете да ги купите и онлајн од Nike, A.L.C и Net-a-porter.

Кратка приказна за најпопуларните ретро патики >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button