Реклама
Култура[тор]

Нови ѕвезди на Exit

Реклама

Подгответе се ова лето да одговорите на темата што е кул, бидејќи новото потврдено име на главната бина на Exit е суперкул британскиот мултиталентиран уметник – Plan B…

Маркетинг

…додека, на веќе разиграната Денс арена не очекуваат уште и  Avicii, Felix Da Housecat и Totally Enormous Extinct Dinosaurs. Скокнете високо, бидејќи надобрите оценки ќе ги добијат најразиграните, а просекот ќе го мериме по тоа колку ве болат нозете после фестивалот и колку ќе го загубите гласот.

Oi! I said Oi! What you looking at you little rich boy!
 
Ова се стиховите на новиот сингл на британскиот рапер, текстописец, актер и режисер Benjamin Paul Ballance-Drew, попознат како Plan B. Песната Ill Manors го најавува неговиот нов студиски албум, кој е воедно и саундтрак за истоимениот филм во негова режија, со премиера најавена за мај годинава. Спотот за песната официјално е објавен на 9. март и предизвика вистинска мала револуција во музичката блогосфера и стана инстант хит на новата работничка класа во Велика Британија, но и ширум светот. Спред зборовите на Guardian, песната е “најбитната мејнстрим протестна песна со години наназад”. Plan B е добитник на признанијата за најдобар млад уметник за 2010. година од списанието „Q“, како и Brit наградата за најдобар британски машки изведувач за 2011. година.

Маркетинг

{youtube}rQjh9H-ymK4{/youtube}
На импресивната листа на Dance арената оваа недела им се придружуваат и Avicii, Felix Da Housecat и Totally Enormous Extinct Dinosaurs.
 
Avicii е DJ и продуцент, како и ѕвезда на електронската музичка сцена, со голем број хитови зад себе, како што е Level, песна која влезе на Топ 10 листите во 14 различни земји. Tim Berg, попознат под името Avicii, на сцената се појави во 2008. година со својот ремикс на тематската музика за играта Lazy Jones (Commodore 64) и оттогаш е постојан гостин на сите светски топ листи. Тој е практично подмладокот на шведската хаус сцена и за овие 4 години од потполн анонимус го стекна статусот на светска ѕвезда. Неговиот хит Sunshine од минатата година, во соработка со Дејвид Гета е номинирана за Греми во категоријата Best Dance Recording.
 
Денс арената оваа година повторно ќе го угости култното име на современиот електро звук Felix Da Housecat, кој со своите осум студиски албуми, неброено многу синглови, миксови и ремикси, зад себе има импозантна кариера на претставник на вториот бран на чикашката сцена, која трае веќе 20 години. Неговото деби од 2011. година Kittenz and thee Glitz е веќе легендарно издание, а неговите две номинации за Греми веќе докажуваат за каков артист се работи.

{youtube}jynIMoGYs9g{/youtube}

Под името Totally Enormous Extinct Dinosaurs се крие Orlando Higginbottom, артист со извонредна музикалност и префинета прецизност кага е во прашање денс подиумот. Неговиот лајв сет, преполн со бизарни инструменти и диносауруси кои танцуваат го направи еден од најоригиналните артисти на сцената. Неговите две први изданија подигнаа голема врева околу TEED, што ќе биде вовед во деби албумот кој се најавува за мај годинава. На Денс арената премиерно ќе имаме можност да го слушнеме и видиме токму него.
 
Својот настап на овогодинешниот Exit, кој ќе се одржи од 12. до 15. јули веќе го потврдија легендарните Guns N’ Roses, култните New Order, world music сензацијата Buraka Som Sistema, a Dance арената ќе ја угости познатата етикета Cadenza Records. По тој повод во Нови Сад доаѓаат Luciano, Reboot, Kenny Larkin, Robert Dietz и Maayan Nidam.
 
Веќе знаете, најдобриот фестивалски провод е во големо друштво. Ако вашата екипа сеуште не набавила влезници за Exit, пребројте се, бидејќи од 19. март веќе стартуваше акцијата 4+1. На сите 4 купени влезници Exit петтата ја подарува бесплатно, со сместување во Exit вилиџот за сите вас! Акцијата трае до 15. април.

{youtube}Pc5aqOxjZSc{/youtube}

Влезниците за Exit во Македонија можете да ги набавите само на официјалното продажно место во Југотон (Скопје, Градски Трговски Центар, први кат).

Сакате секс? Сакате мода? Рокенрол? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button