Реклама
Вирално

Откриени нови детали во врска со истрагата околу исчезнувањето на малата Вања Ѓорчевска

Пет лица приведени, се сомнева дека се поврзани со исчезнувањето на Вања

Реклама

Нови детали во врска со истрагата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки откри дека има напредок во истрагата во врска со исчезнатото девојче.

Како што соопшти министерот, пет лица се приведени, а обезбедено е и едно возило како доказ, односно како трага со кои што се продолжува понатаму со истрагата се до расчистување на случајот.

Маркетинг

Тоа е нешто плус што го преземавме“, изјави министерот при денешната посета на СВР Куманово, пренесуваат медиумите.

Претходно министерот Спасовски изјави дека не пости никаква потврда за тоа дека на 14 годишната Вања трагата и се губи според „Универзална“ како што претходно пишуваше во медиумите.

Маркетинг

Но Спасовски беше внимателен и не сакаше да открива повеќе детали околу истрагата за да не ја попречи истата.

Потсетуваме, 14-годишната Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот во раните утрински часови на патот кон нејзиното училиште.

Случајот ја вознемири целокупната македонска јавност, но и ги крена целиот Балкан на нозе. По девојчето распишана е и потерница од Интерпол за исчезнати лица, а покрај полицијата во потрагата по девојчето се вклучија и бројни граѓани и другари од училиштето во кое што учеше. Тие цело време споделуваа објави на социјалните мрежи и лепеа плакати со нејзини фотографии во населбата во која што живееше, сé со цел да се дојде до било каква информација што ќе допринесе во пронаоѓање на исчезнатото девојче.

Вања во моментот на исчезнувањето на себе носеше црни панталони со странични џебови, син дуксер, кратка црна зимска јакна, бели патики и школски ранец. Секоја информација за која што сметате дека може да биде корисна во потрагата по Вања, пријавете на телефонскиот број 112.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button