Реклама
BEAUTYКоса

Нова метода за кадрава коса и тоа без оштетување на влакното!

Реклама

Не е тајна дека кадравата коса бара посебно внимание. Но, и само една обична промената на начинот на кој ја сушите може да има големо влијание.

Таканаречената „hair plopping“ метода веќе некое време е позната помеѓу девојките со кадрава коса, а ако уште ја немате испробано, сега е вистинското време. Наместо после миењето косата да ја замотате во пешкир и да ја затегнете, оваа метода од вас бара да ја замотате во памучна ткаенина (ќе ви послужи и памучна маица на кратки ракави!), па без растегање да ја оставите да се исуши. На тој начин локните ќе изгледаат поприродни и изедначени, а методта можете да ја користите секогаш кога ќе ја миете вашата коса.

Маркетинг

Како да ја изведете оваа метода?

По миењто на косата нанесете серум, масло или некој друг производ за обликување кој го користите вообичаено. Потоа косата замотајте ја во памучната ткаенина и врзете ја. Почекајте барем 40 минути и одмотајте ја, а ако сте во можност оставете ја така во текот на целата ноќ. За подетални чекори погледнете го видеото во продолжение.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button