Реклама
Коса

Есента пристигна: Направете нова фризура

Реклама

По долгото и топло лето би било пожелно да го посетите вашиот фризер, како би ги скратиле краевите од косата. Тие, најверојатно, веќе се испукани и уништени од сонцето и морската вода.

Маркетинг

Но, доколку сте решена да „претрчете“ до вашиот фризер (побарајте некој во нашата категорија шопинг/beauty), наш совет е да се обидете да направите и една мала промена во вашата фризура која што ќе биде инспирирана од есента која што ни претстои. Еве неколку интересни идеи за тоа:

 Нова боја, нов филм! 

Маркетинг

 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/7329-nova-frizura?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Доколку ви е страв и не сте одлучни да ја промените бојата на вашата коса, тогаш обидете се барем да ја осветлите или потемните за неколку нијанси. Тоа воопшто не е ризично, а вашата коса ќе добие сосема нов изглед и сјај.

Еве на пр. обидете се да направите постепено преминување на бојата на вашите прамени, од потемни кон посветли, што е апсолутен хит за оваа сезона. И секако, обидете се да ја осовите нашата награда „Бесплатно бојадисување на вашата коса со бои на природна база“, која што секој месец ја доделуваме во соработка со студиото и академија Avangarde (види го големиот банер, десно), па тоа би можеле да го направиме заедно!

 Нова фризура, нова насмевка! 

 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/7329-nova-frizura?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Претпоставуваме дека многу од вас веќе со години имаат иста фризура, па крајно време е за некаква промена, нели? Доколку сте храбра и решена сте за една таква драстична промена, најпрво што треба да направите е добро да се посоветувате со вашиот фризер за тоа. Еве на пр. шишањто до рамињата е изглед кој што се уште добро поминува, едноставен е за одржување, совршен за вашите ноќни пирови, а воедно и за преку ден, за во канцеларија, школо.

Од друга страна пак, за оние кои се малку похрабри, би можеле да се обидат да ја направат тренди фризурата на Ријана, „pixie“ која е апсолутен хит за сезонава и која може преубаво да ви стои.

 Нови шишки, нови погледи 

 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/7329-nova-frizura?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Одлучнa сте дека сакате промена, но не по секоја цена, т.е. не можете да се одлучите да ја скратите вашата коса. Тогаш – скратете ги вашите шишки! Совршено решение бидејќи со една мала интервенција врз шишките вие добивате сосема нов изглед. А и вашата коса се уште останува на вашите рамиња.

Промена на фризурата е многу поевтина варијанта од купување на нова гардероба, па доколку сакате да се подновите со нешто, тогаш ви препорачуваме да почнете најпрво со нешто од ова.

{simplepopup}

{/simplepopup}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button