Потполна трансформација: Ева Заева се нашминка, си ја среди косата и сега изгледа вака

Фризура и црвен кармин кои одлично и стојат на Ева
Атрактивната млада струмичанка од ден на ден станува сé попопуларна на социјалните мрежи. Таа на фотографиите што ги објавува речиси секогаш изгледа прекрасно и гламурозно, а овој пат позираше со преубава пунџа и кармин во неодолива црвена нијанса. Инаку Ева е внука на премиерот Зоран Заев и само на нејзиниот Инстаграм профил има преку 35 илјади обожаватели што воопшто не е мала бројка за земја како нашата.
Покрај преубавите комбинации Ева често не воодушевува и со фотографиите на кои е комплетно нашминкана и средена, а овој пат ни покажа прекрасна шминка и фризура кои се совршен избор кога сакаме да изгледаме потполно шик.
Па, дали ви се допаѓа Ева во ова издание?
Фото: Инстаграм/ Принтскрин (Ева Заева)