Реклама
Култура[тор]

Нов римејк на „Орканските Висови“

Реклама

Британската режисерка Andrea Arnold e последна во низата која се нафати да направи адаптација на познатото дело на Emily Brontë – “Оркански Висови“.

Маркетинг

Во ова превземено интервју кое ние го спремивме за вас, таа говори за нејзината претходна работа како ТВ презентер и за нејзиното најново дело, нејзиното гледиште за ликовите и сторијата, како и зошто решила да не стави никаков музички запис во нејзината адаптација.

Инаку Andrea Arnold е режисер со освоена статуетка Оскар, за најдобра режија за краток игран филм во 2005г. за нејзиниот филм “Wasp”. Две години влезе и во проектот “Red Road”, кој беше замислен и реализиран како мини омнибус од тројца режисери дебитанти, кои ќе раскажат три различни приказни. Во нејзината сторија таа не воведува во личниот свет на една млада жена која работи како оператор во објект со сигурносни камери во една станбена зграда во Glasgow и која ќе стане опседната со еден човек кој што ќе го забележи на својот монитор.Всушност ова е приказна за осветата која главната протагонистка сака да ја изврши, а причините за истата се разоткриваат во текот на развојот на дејствието. Наредно остварување и беше наградуваниот и од критиката фино прифатен филм со име “Fish Tank”, драма која пак сега ни раскажува приказна за 15 годишен талент за hip hop денсање. Сега, режисерката која еднаш има искоментирано дека ’никогаш не ú се допаѓала идејата за адаптација‘, го промени сјајот на урбаното живеење со емоционалните психози во руралната мизерија, опишани во еден од најадаптираните прозни текстови, „Оркански Висови“ на Emily Brontë. Зошто се реши за обработка на приказната за младиот пар со проколната меѓусебна страст и љубовен занес. „Кога еднаш веќе идејата ми влезе во глава, не можев да се ослободам од неа“, објаснува Arnold. „Дури и кога работите беа навистина тешки, не можев да се откажам.“  

Маркетинг

alt

Има две работи кои ја издвојуваат Andrea Arnold од нејзините современици. Можеби најзначајна е таа што таа сака да користи ’обични‘ луѓе наместо тренирани актери. Покрај Kaya Scodelario која што ја глуми Cathy –единствениот член на екипата кој што не е комплетен новајлија – е James Howson како Heathcliff, кој што го открила сосема случајно на отворена аудиција во Leeds и кој таму се нашол како придружба на пријател кој што дошол на самата аудиција. Тој исто така е и првиот црномурест актер кој го портретира еден од впечатливите карактери, чија што етничка припадност самата Emily Brontë на некој начин ја има оставено отворена за дебати. Нејзиниот неконвенционален приод во кастингот е – според нејзе – резултат на потребата за автентичност. Ваквиот приод е евидентен и во други делови од самиот филм. Таа исто така не користи ниту музички feedback, па во текот на сцените единственото аудио надополнување се природните звуци кои се снимени при реализацијата на сцените одделно. „Кога бев надвор на отворено, чувствував како ветрот да беше музиката“, вели авторката. „И мислам дека ги потценуваме колку прекрасно звучат тие природни процеси: ветрот, крцкањето на суво дрво и птиците.“ 

alt

Понатамошните нејзини согледувања и објаснувања за нејзиниот најнов филм ги продолжуваме со ова позајмено интервју од англискиот таблоид Dazed Digital.

–         Dazed Digital: Вие претходно работевте како Тв Презентер, што е она што ве натера да ги промените страните на леќата? И зошто режија?

–         Andrea Arnold: Од секогаш пишував мои лични раскази. Мојот влез во улогата на ТВ презентер беше сосема случаен, а не планиран. Имав 18, отидов на аудиција и едноставно завршив правејќи го тоа. Во целиот тој период на некој начин созреав доволно и сватив дека постојат начини на кој ќе можам да работам споствена работа и мислам дека ги споив тие две ствари заедно. Не знам зошто не нешто друго, мислам дека беше до потребата за раскажување приказни.

–         Dazed Digital: Што беше тоа што го видовте во James Howson што ви даде самодоверба ека тој може да ја одигра улогата на Heathcliff?

–         Andrea Arnold: Па, не знам. Кога и да користам некој што претходно не глумел, секогаш постои ризик до

одредено ниво и за нив и за мене. James не е некој што ќе ви каже како се чувствува, многу работи чува внатре во себе, но мислам дека имаше денови кога беше многу предизвикан и понесен од карактерот.

–         Dazed Digital: Твоите претходни филмови беа доста успешни во Европа, што мислиш, зошто малите британски филмови не се така добро прифатени на домашна почва?

–         Andrea Arnold: Не го знам одговорот на тоа. Не знам зошто моите филмови се успешни во Европа, но “Fish Tank” на пример беше на трето место на box office-от во Франција. Во Франција навистина се грижат и затоа растат со голема филмска култура. Мислам дека делумно затоа што зборуваме Англиски јасик, ни доаѓаат премногу Hollywood-ски филмови, па така нашата филмска култура е на големо водена од нив и мислам дека кога еднаш почнете сите да ги храните со Hollywood-ски филмови, тоа станува сé што тие очекуваат да го видат на тоа поле и единствено нешто за кое знаат. Кога луѓето би почнале да бараат некој ’похрабри‘ филмови, повеќе европски филмови, како оние на браќата Dardenne или Lars Von Trier, мислам дека тогаш би го сакале ваквиот тип на филмови.

–         Dazed Digital: Уште еднаш, зошто одбра да не користиш музика?

–         Andrea Arnold: Затоа што никогаш не сум ни користела музика во претходните мои филмови, во смисол на компонирање, тоа не е нешто што ми доаѓа природно да го направам.Мислам дека звуците кои што ги користев беа навистина убави и суптилни. Мора да се заслушаш на поинаква фреквенција. Мислам дека многу музика може да биде доста сугестивна кон вашите емоции и да ти вели: „еве вака треба да се чувствуваш сега.“ Исто така сум доста заинтересирана во форсирање на самата кинематографија и како фотографијата може да зборува без на тоа да се додава лажна емоција одозгора.

–         Dazed Digital: Кога би почнала сега сé наново да снимаш, дали би направила нешто поинаку?

–          Andrea Arnold: Имам кажано дека можеби за Heathcliff би избрала жена, но на таквото нешто се сетив прекасно. Секој филм е патување и за него учиш како што го работиш. „Оркански Висови“ е толку комплексна и нескротлива книга, од неа константно учиш.

–          Dazed Digital: Мислиш ли дека ќе продолжиш да користиш ’нетренирани‘ актери? Што е она што ти се допаѓа кај нив?

–         Andrea Arnold: И повеќе од веројатно. Јас секогаш барам автентичност и тоа може да дојде и од актер и ’неактер‘. Световите кои јас ги истражувам се обично доста мали. Понекогаш мислам дека со големи актери, нивната личност може да биде поголема од самиот филм. Се сретнав со Ed Westwick бидејќи претходниот режисер ме поврза со него, и на самиот почеток кога почнував, бев да се сретнам со него. Но тоа беше пред да ја формирам идејата за тоа што сакам да направам. Тој ќе беше голем Heathcliff во таа голема традиција на ликови кои го отелотвориле овој карактер, но мислам дека тогаш ќе станеше сосема поинаков филм. 

–         Dazed Digital: дали сега имаше некои понуди да направиш комерцијален филм?

–         Andrea Arnold: Постојано добивам сценарија за правење на такви филмови, но јас сакам да правам мои лични, мали филмови. Како што реков претходно, почнав да правам филмови поради приказните кои сакам да ги истражувам и тоа се нема променето.

„Оркански Висови“ е пуштен во редовна дистрибуција……

{youtube}kUWOCd894-Q{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button