Вирално

Нов шокантен случај на измачување на животно во Македонија – ако имате било каква информација за овој човек, пријавете го! (вознемирувачка содржина) (+18)

Advertisement

Нов монструозен чин во Македонија

Advertisement

Здружението за заштита на животните Анима Мунди на Фејсбук сподели фотографија на која се гледа нов шокантен случај на измачување на животно и негово убивање од страна на лице кое управува со возило. Тие објавија фотографија на која се гледа автомобил како влече мртвото животно и побараа информација за сопственикот на возилото.

Еве го нивниот текст во целост:

„Монструми живеат меѓу нас, нема крај на изживувањата врз животните во Македонија! Информирани сме за нов шокантен случај на измачување на животно и негово убивање од страна на лице кое управува возило марка фолцфаген со прилепска регистрација рег.ознака PP-199-CI. Помогнете ни со дополнителни податоци доколку знаете нешто повеќе! Го комплетираме случајот и против садистот ќе биде поднесена кривична и прекршочна пријава – вакви психолошки девијантни лица инсистираме да добијат најстрога казна и одговараат без можност за олеснителни казнени мерки. Да одговараат за ѕверството кое го починиле и кое ќе го повторат пак доколку не се интервенира на време! Бараме создавање на законска можност за овластување на здруженијата за заштита на животните во служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните бидејќи до сега се востанови дека здруженијата де факто се основен носител на таа дејност во Македонија со што помагаме во детектирање/надминување на насилството во национални рамки. Повеќе од очигледен е фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија кое за жал е видливо само за активистите и љубителите на животни. Бараме за насилниците најстрога казна затвор! Споделете!“

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button