Реклама
Рецепти

Нов леб со домати и босилек од Жито Лукс

Реклама

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек.

Маркетинг

Мешавината на ладно цедено маслиново масло, суви домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброки претставуваат вистинска летна и лесна закуска. Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.

„Компанијата интензивно работи на развивање на нови вкусови и производи, како од традиционалните така и од специјалните лебови. Медитерано со домати и босилек е четвртиот вид од истоимената фамилија лебови инспирирана од една од најбогатите светски кујни што изобилува со разновидни вкусови и ароми. И овој леб во себе ја има основната состојка на медитеранската кујна,  карактеристична за сите лебови од линијата, маслиновото масло кое покрај специфичниот вкус уште и се одликува со голем број особини корисни за човековото здравје и за секојдневно медитеранско уживање“, изјави Лидија Трајковска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

Медитерано лебот со домати босилек е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до четиринаесет дена без додаток на конзерванси, постигното со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб.

Маркетинг

Со секој новитет на компанијата, се трудиме да ги задоволиме и најсофистицираните барања на нашите потрошувачи кои уживаат во различните вкусови леб. Новите лебови произлегуваат од анализата на пазарот и потребата од разновидноста во делот на понуда на леб. Прекулансирањето на новиот вкус на леб, компанијата Жито Луксуште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволувабарањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button