Реклама
Култура[тор]

Нов Бит Боксер на македонската Хип Хоп сцена!

Реклама

Дечкото е нов, млад, интересен, талентиран и се вика Мартин Атанасовски, со прекар Буцо…

bucobiter1

Маркетинг

Буцо за себе вели дека е пасиониран Хип хоп фан веќе некое време, а цели две години се занимава со „Битбокерство“. Најпрвин започнал чисто во домашни услови, за да потоа откако увидел дека неговиот талент не е секојдневен на нашиве простори, комплетно се посвети на ова негово дотогашно хоби.

Инаку Буцо навистина спаѓа во онаа група која „навистина треба да се слушне и види“, затоа што на кратко кажано, дечково прави парче!

Видеово кое ќе ви го постираме не е со најдобар квалитет, но сепак ќе може да ги забележите неговите квалитети и ’скилс‘ на микрофонот. Снимкава е направена од неговиот настап со ДЈ Чваре пред концертот на С.А.Р.С., Слаткаристика и Кацар во клуб Хавана.

Маркетинг

{youtube}xpK3DMfRXQI{/youtube}

Поврзано

Back to top button