Реклама
Наши ѕвезди
Актуелно

Никогаш нема да го прежалиме – Тоше Проески денеска ќе славеше 44-ти роденден, се потсетуваме на неговото детство и младост(фото)

Ретко кој пејач го освоил целиот регион со својата добрина и талент како Тоше Проески. Иако повеќе не е меѓу нас, Тоше живее преку неговите песни.

Реклама

Славеј и ангел – ова се прекарите кои Тоше Проески ги стекна во текот на својот краток, но исполнет живот.

Денес Тоше ќе го славеше својот 44 роденден.

 

Маркетинг
View this post on Instagram

 

A post shared by TOŠE PROESKI (@toseproeski_)

Маркетинг

Младиот пејач допре до многумина, а и денес, многу години по страшната несреќа во која го загуби животот на 27-годишна возраст, со милост и трепет во срцата сеќаваме на неговата животна приказна и на хитови што ни ги остави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TOŠE PROESKI (@toseproeski_)

Тодор Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, но животот го помина во Крушево, а подоцна и во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fan Club 𝐓𝐎Š𝐄 𝐏𝐑𝐎𝐄𝐒𝐊𝐈🎤 (@toseproeskimacedonia)

Својот талент за пеење го покажа уште како мало детенце, а на првиот настап, на само 10 години, ја отпеа „Аве Марија“ и ја остави публиката без здив.

Музичкото образование го започнал во основно музичко училиште, а својот талент продолжил да го усовршува на Музичката академија во Скопје. До матурата му останале само два испити, но трагична несреќа го спречила да го заврши школувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝕋𝕠š𝕖 ℙ𝕣𝕠𝕖𝕤𝕜𝕚 🤍🕊️ (@tproeski1610)

Музичката кариера како поп-пејач ја започна на 15 години со учество на Макфест.

Во 1999 година го издава својот прв албум наречен „Некаде во ноќта“, а истата година го одржа и својот прв солистички концерт.

Една година подоцна, тој учествува на меѓународниот музички фестивал „Славјански базар“ во Белорусија, каде убедливо победи. Тоа беше само еден чекор поблиску до неговата меѓународна слава.

Покрај неговиот ангелски глас, Тоше на многумина им беше омилена ѕвезда поради комбинацијата на скромност и дарежливост, а во 2003 година ја доби хуманитарната награда „Мајка Тереза“ за бројните хуманитарни настапи што ги одржа за да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TOŠE PROESKI (@toseproeski_)

Неговата песна „За овој свет“ стана официјална химна на УНИЦЕФ. Тој не одржуваше концерти и хуманитарни настапи само во Македонија, туку низ целиот регион, од Србија, Словенија до Хрватска и Босна и Херцеговина.

Неговата слава се прошири уште повеќе откако ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2004 година, Тоше го освои 14-то место во Турција со песната „Живот“, но и многу срца на обожаватели низ Европа.

Иако повеќе не е меѓу нас, Тоше и понатаму живее во срцата на обожавателите преку неговите најголеми хитови, но и преку добрите дела.

И сите кои имавме чест да го запознаеме, знаеме со колкаво спокојство и позитивна енергија зрачеше.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button