Огласи
Новости

„НИКОГАШ НЕ СТАПНА ВО ГРАНД“ Ова беше омилениот пејач на Саша Поповиќ, соработуваше со најголемите ѕвезди, но него најмногу сакаше да го слуша приватно

advertisement
advert

Основачот и креативен директор на Гранд, Саша Поповиќ, беше погребан на гробиштата Нова Бежанија со песната „Свирци моји“ од Звонко Богдан, за кого рече дека му е омилен пејач.

Саша Поповиќ е одговорен за кариерите на бројни пејачи и пејачки и соработувал со многу големи ѕвезди, но неговиот омилен пејач никогаш не бил дел од „Гранд“.

Имено, во емисијата „Балканска улица“ која се емитува на телевизија Блиц, Саша зборуваше на различни теми, а потоа се осврна и на Звонко, чија песна „Свирци моји“ беше таа со која беше погребан вчера, 7 март, на Бежанијските гробишта.

реклама

фото принтскрин

– Најмногу ми се допаѓа Звонко Богдан од сите пејачи. И замислете, иако ми е омилен уметник, никогаш не стапнал во „Гранд“ – изјави тогаш Саша.

Марpкетинг

Да потсетиме, Саша Поповиќ почина на 1 март на 70-годишна возраст во Париз, каде се бореше со опасна болест, а до последните денови работеше и беше дел од „Гранд“.

Принтскрин/ Јутуб

Поповиќ не само што беше основач на една од најуспешните продукции, туку и клучна фигура во создавањето на нов правец во музиката со бендот Слатки грех и Лепа Брена. Неговиот талент за создавање хитови остави неизбришлива трага во српската музика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button