Реклама
Интервју

Никогаш не би ги пробала живите плодови што ги јадат Кинезите – Татјана Лазаревска во ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА

Да бидам искрена во последно време добивам поголема желба за готвење, вели Тања за Гламур.мк

Реклама

Дали нашата пејачка Татјана Лазаревска-Тања, е добар готвач, како таа се снаоѓа во кујната. што сака и што не сака да јаде. Колку животот во Австралија и ги промени апетитите за македонската храна.

Во нашата рубрика ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА овој пат разговараме со прекрасната Тања. На илјадници километри далечина воспставивме контакт со  неа. Ние прашуваме од Македонија, таа одговара од Австралија.

Еве каква е Тања во кујната…

Маркетинг

Дали сакате да готвите?

Да бидам искрена во последно време добивам поголема желба за готвење 😊

Што најдобро знаете да зготвите?

Најдобро ги правам нашите традиционални јадења, како мусака, гравче-тавче, сарма, полнети пиперки итн.

Дали сте брзи или бавни во кујната?

За брзината ќе кажам дека сум средно брза, ама одлично организирана и педантна.

 

Тања неодамна објави  видео на инстаграм како подготвува полнети пиперки, од чекор до чекор и можеме да заклучиме дека е одлична домаќинка. На фотографијата пиперкиве изгледаат „прсти да излижеш“.

Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Па не сум баш по комплицирани рецепти, тоа му го препуштам на сопругот Новица. Тој сака да експериментира и прилично е креативен во кујната. Сакаа да испробува во кујната.

Кое ви е омилено јадење?

Сарма.

Што преферирате повеќе благо или солено?

Повеќе преферирам солено, ама обавезно и по малку благичко.

Има ли нешто што не јадете?

Нема нешто специјално што не јадам.

Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна? Каде сте го пробале и кога?

Најубави ми се јадењата што ми ги подготвува Новица, како печено јаре или пилешко во бел сос.

На кој начин најчесто ги откривате рецептите? Дали сакате да ескпериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Најчесто рецепти наоѓам на социјалните мрежи,  ќе ги сочувам, а понекогаш знам да зготвам од нив, но претежно се задржувам на тоа што го знам , а тоа е македонската традиционална кујна.

Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македонски специјалитет?

Во Македонија има прекрасна храна, посебно различните салати и чорби.

Што им препорачувате да пробаат на странците да пробаат во Македонија?

Чкембе чорба.

Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Понекогаш се опуштаме со децата и со фаст- фуд, знаеме да јадеме од Мекдоналдс или КФЦ.

 

 

Што преферирате повеќе овошје или зеленчук?

Подеднакво ги сакам, зеленчукот во салата, а овошјето за освежување.

Има ли нешто што никогаш не сте го пробале од храна, а сакате да го пробате?

Овде во Австралија има секаков вид на храна, од целиот свет имаме можност да пробаме се што сакаме. Ама јас никогаш не би ги пробала живите плодови што ги јадат Кинезите.

Дали консумирате алкохол?

Никогаш не пијам алкохол.

Кој ви е омилен пијалак?

Вода!

Што би одбрале ручек со пикник, ручек во елитен ресторан или нешто трето?

Семеен или пријателски ручек во природа.

Поврзано

Back to top button