Непрепознатлива – вака изгледаше Марија Шерифовиќ на првиот јавен настап пред 26 години, а Верица згодна како манекенка
Марија Шерифовиќ за првпат се појави во јавноста на ТВ Пинк во 1998 година. Таа гостуваше со нејзината мајка Верица Шерифовиќ и заедно го отпеаа хитот „Моје бубе“ на познатата група Сунцокрети.
Мајката и ќерката за првпат ги вкрстија гласовите и заедно настапија пред телевизиските гледачи.
Марија тогаш имала само четиринаесет години, одела во осмо одделение, но сепак, веднаш ги покажа своите гласовни способности.
За овој настап денешната регионална ѕвезда избрала лежерна модна комбинација – патики, фармерки, маичка и дуксер со качулка. Интересно, таа остана доследна на својот стил до ден-денес.
На видеото релаксирано изгледа и нејзината мајка -природно убава и згодна жена.
Шерифовиќ од самиот почеток покажа дека нејзин најсилен адут ѝ е гласот, а публиката особено ја засака поради нејзината непосредност.
До денес, позната е силната врска на Марија и Верица која една на друга се најголема поддршка во животот.