Нема место за загриженост – Анџелина изгледа прекрасно, а најверојатно и Бред Пит наскоро ќе и се врати!
Бела комбинација и нејзината препознатлива насмевка
Анџелина Џоли се појави со своите деца на меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Сите шест деца беа да ја подржат својата мајка на премиерата на филмот „The Breadwinner”. Станува збор анимирана приказна за борбата на авганистанските девојчиња, а познатата актерка која на црвениот килим овој пат се појави во улога на продуцент, за оваа прилика избра лежерна комбинација со која остана верна на удобните изданија. Па така белите панталони и топот на прерамки кои се вкрстуваат на грбот се покажаа како добитна комбинација, а 42 годишната актерка која го обожава минималистичкиот стил повторно покажа дека можеме да изгледаме шик и кога го следиме модното правило „помалку е повеќе“.
Според овие фотографии, но и поради приказните дека е можно примирје со Бред, Анџелина изгледа како друга жена. Беше расположена за фотографирање со децата, цело време имаше широка насмевка на лицето, но и за делење на автограми и фотографирање со фановите. Па така забележавме дека прави селфи и со воодушевената публика која ја чекаше покрај црвениот килим додека покрај неа беа Медокс (16), Пакс (13), Захара (12), Шајло (11) и близнаците Вивијен (9) и Нокс (9) секој во својот опуштен стил. Останува уште да видиме дали наскоро ќе им се придружи и миленикот на женските срца, Бред Пит.