Стил

Нема девојка што не би сакала да ги има нејзините високи потпетици инспирирани од филм

Advertisement

Погледнете ги новите високи потпетици на Викторија

Advertisement

Викторија Бекам се појави во парчиња од нејзината лимитирана колекција „Tuxedo“ (за ова нејзино издание веќе ви пишувавме), но она што посебно ги воодушеви нејзините обожаватели се црвените високи потпетици со светки. Нивното име е Дороти и се инспирирани од легендарните црвени чевлички од култниот филм „Волшебникот од Оз“ што ги носеше девојчето Дороти. Убедени сме дека можете да најдете сличен модел од продавниците на познатите комерцијални брендови, но конкретно овој, од колекцијата „Tuxedo“ на Викторија, ќе треба да издвоите 515 британски фунти или во превод некаде околу 36.000 денари. Инаку, Викторија нив ги носеше со чанта во слична нијанса, чија цена е уште подраматична (995 фунти).

Покрај овие чевли Викторија еден модел со ниски „блок“ потпетици го крсти според нејзината ќеркичка Харпер за кои ќе треба да издвоите „само“ 495 фунти. И не, тие не се наменети само за мали девојчиња, туку за возрасни девојки кои носат броеви од 36 до 41.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button