Реклама
LIFESTYLEВирално

Младите и отселувањето во странство: Нема да биде лесно на почеток, но вреди да се обидам

Реклама

Младите бегаат од државата. Учат, имаат одличен успех, се запишуваат на факултет, имаат големи амбиции и очекувања од нивното дипломирање.

ФОТО: Shutterstock

Вложуваат многу во себе, зашто не сакаат да ги изневерат своите родители кои им плаќаат стан, студирање и други попатни трошкови.Но, откако ќе се земе здиплената диплома, се започнува со барање работа и тогаш доаѓа најголемото разочарување.

Дипломата собира прашина во некој од шкафовите, а младите дипломирани граѓани работат работа која би можело да ја работат и без факултет. Еден период се запишани како невработени во агенцијата за вработување, со надеж дека некој ќе им заѕвони…

Маркетинг

Но, по одреден период и тука наидуваат на разочарување. Иако постојано ги следат огласите, секогаш кога ќе им се јават на работодавачите, добиваат одговор дека работното место е зафатено. Оние кои живееја во студенскиот град се враќаат во родното место, и таму да си ја пробаат среќата. Истите разочарувања, можеби малку и поголеми.

Тогаш по долги дискусии со мама и тато, се доаѓа до заклучок дека излезот е само едно: Отселување во странство. Почнуваат допишувања, распрашувања и истражувања за животот во Германија. Младите, полни со амбиции, ги пакуваат куферите и заминуваат. Свесни се дека на почетокот нема да е лесно, дека ќе мора да го сведат своето спиење на минимум, но барем ќе бидат среќни.

Маркетинг

Младите заминуваат, свесно ја прифаќаат сета тешкотија која им ја носи туѓината, но не гледаат просперитет во земјата каде што секој втор човек е несреќен и незадоволен од својот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button