Се ближат празниците и многу често се случува да останат колачи од празничните трпези.
Се ближат празниците и многу често се случува да останат колачи од празничните трпези. За да го продолжите нивниот рок на траење, обидете се да ги следите овие неколку совети.
1.Крцкавите колачи не поднесуваат влага, односно, влажната околина ќе ги омекне и тие ќе го изгубат вистинскиот вкус. Препорачливо е да ги чувате во херметички затворен сад, но никако да не ги ставате топли, туку сосема изладени.
2. Колачите од лиснато тесто најдобро е да ги замрзнете. Пред да ги ставите во замрзнувач, потребно е да ги оставите барем половина час во фрижидерот, па дури потоа да ги префрлите на температура под нулата.
3. Доколку сакате да ги сочувате остатоците од куглов или штрудли, тогаш најдобро е да ги чувате во сад каде што ќе ставите исечена јаболка или едно парче леб. Тие ја продолжуваат свежината на колачите.
4. Кремастите колачи не се препорачува да ги чувате во фрижидер повеќе од три дена, па најдобро е да ги замрзнете и тоа прекриени со масна хартија. Пред планираната консумација, планирајте дека треба најмалку три часа колачите да стојат на собна температура, за да се одмрзнат и да изгледаат свежи.