Реклама
Нега и здравје

Неколку причини за губење на косата

Реклама

Искусувате губење на косата? Можно е проблемот да биде решен доста лесно, како зголемување на дозата на витамини, но можно е да станува збор за и за ’позамрсен‘ сплет на околности…

hairlost1

Маркетинг

Точен е фактот дека мажите многу почесто искусуваат губење на косата од жените, најчесто поради генетските причини кои секоја индивидуа ги носи во себе одделно и кои порано или покасно излегуваат на виделина.

Но ретчењето и истенчувањето на влакното исто така се јавуваат и кај жените и се делуваат подеднакво разочарувачки деморализирачки. Причините за оваа несакана појава варираат од едноставни и вообичаени (дефицит на витамин А), до комплексни, како што е специфична здравствена состојба.

Во многу случаи постојат начини и методи за спречување (или барем запирање) и кај мажите и кај жените – сé зависи од причините! Ние денес ќе ви наведеме некои причини поради кои започнала да ви се ретчи или опаѓа косата на главата.

Маркетинг

Физички стрес

hairlost2

Било каква физичка траума – операција, сообраќајна незгода, или силна болест, па дури и грип – може да предизвика моментално губење на косата. Ова предизвикува тип на губење на коса наречен telogen effluvium. Косата има програмиран животен циклус: фаза на растење, фаза на одмор и фаза на истенчување. „Кога доживувате навистина стресен настан, овој циклус може да биде шокиран и на тој начин да се акцентира фазата на тенчење“, објаснува Марк Гласхофер, дерматолог од Њујорк. Губењето на косата станува видливо 3 до 6 месеци после траумата.

Добрата вест е дека косата ќе започне да се обновува, штом телото ќе се заздрави.

Бременост

И бременоста е еден вид на физички стрес кој што може да предизвика губење на косата. Самото губење на косата всушност станува видливо после пораѓајот, отколку за време на самата бременост. „Самиот процес на раѓање е доста трауматичен“, вели доктор Гласхофер.

Премногу витамин А

hairlost3

Преголема консумација на намирници или пак медикаменти кои содржат големи количини на витамин А, исто така предизвикуваат опаѓање на косата. Добрата работа во овој вид на проблем е што кога еднаш ќе престанете да внесувате витамин А, растот на косата се враќа во нормала.
 
Недостаток од протеини

Доколку не внесувате доволно протеини во исхраната, телото може да започне да ги надоместува неопходните протеини со тоа што ќе го запре нормалниот раст на косата. Ова се случува два до три месеци после забележителното намалување на протеини во телото. Но за да го избегнете овој причинител за опаѓање на косата, едноставно само консумирајте храна како риба, телешко месо и јајца. Доколку постите или пак сте вегетаријанец, сличните протеини ќе ги надоместите со грашок, соја,  тофу, наут, грав, лешници и сето тврдо овошје…

Машко странично губење на косата

hairlost4

Две третини од мажите искусуваат губење на косата до 60-тата година и најчесто станува збор за таканареченото „машко патерно ќелавеење“. Овој вид на опаѓање на косата е комбинација на гените и машките сексуални хормони, по што следи вообичаеното странично губење на косата (залистоци), при што се создава форма на буквата М.

Околу оваа појава не постојат баш многу постапки кои можете да ги направите, но сепак кремите како minoxidil и оралните медикаменти како finasteride може да го запрат опаѓањето до значително ниво. Опцијата за трансплантација (која е доста достапна и многу успешна) е исто така добар избор.
 
Женски хормони

hairlost5

Исто како што и хормоните од бременост може да предизвикаат губење на косата, истото може да го стори и консумирањето на таблети за контрола на бременост. Ова може да предизвика telogen effluvium, а е поверојатно да ви се случи доколку имате семејна историја на губење на коса. Промената на хормоналниот баланс кој што се случува за време на менопаузата, исто така дава исти резултат.

Па така, доколку сте на пилули, разговарајте со својот доктор за променат на видот на таблети, но сепак, добрата вест е дека оваа појава е времена и загубената коса се враќа за бргу време после престанокот со терапипјата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button