Реклама
Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 4 – 10 ЈУЛИ, 2016

Реклама

Љубопитни сте да дознаете што велат ѕвездите за вашиот љубовен живот, за семејствои и финансиите оваа седмица? Тогаш, едноставно прочитајте овде. 

nedelen5juli first

Одри Хепберн: „Најважното нешто е да уживате во животот – да бидете среќни – само тоа е важно.“

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела ќе имате комплексен однос со една личност со која работите заедно или имате заеднички професионални контакти. Тоа може да е лице во знакот на Бик, Девица или Јарец со непријатен карактер, добро познат/а по неговата/нејзината тврдоглава и конфронтирачка природа. Очекувајте добри вести од друго место. Ќе добиете пратка или материјални предмети. Ако патувате со одредена цел оваа недела, очекувајте успех. Повод за размислување ќе биде спор или конфликт во семејството што ќе ви покаже кој што мисли и кој какви цели и желби има. Со некои работи може да се помирите и да направите компромис, но не со сите.

БИК (21 април – 20 мај)

Оваа недела ќе биде, како и обично, динамична за вас. Ќе имате средби со пријателите и собирања за различни прилики – и на личен и на професионален план. Ќе имате интересни разговори или односи со лица родени во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Ќе покажете малку поголема самодоверба и упорност за да постигнете успех, којшто ќе биде важен за финансиските планови и очекувања. Собирање или значаен настан ќе биде поврзан со момче или млад човек. Мажите-Бик ќе имаат важен разговор со дете или млад човек, пред сè од семејството.

ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА: Парчиња облека кои морате да ги имате во плакарот!

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Вашиот љубовен живот оваа недела ќе биде непредвидлив. Нов разговор или телефонски повик со саканото лице може да ве збуни, зачуди, па дури и да ве растажи поради вашата лична интерпретација на добиените информации. Поволна недела за решавање финансиски прашања, давачки, плаќања, документи… Ќе добиете пари за кои сте биле несигурни и сте биле загрижени за сумата и слично. Ваше дете или внук може да се откаже од некој свој план, желба, сон. Можно е ова одбивање да има врска со дејство или разговор што сте го имале претходно. Еден сон поврзан со мало дете или млад човек ќе ве збуни поради некои тешкотии што ги предвидувате, или поради неговата комплексност.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Искористете ја оваа недела за напредок и спроведување на професионални или деловни планови и идеи. Ќе имате можности за нови контакти, сугестии, помош од важни и корисни луѓе. Ќе имате успех во работата, што може да ви донесе дополнителен приход. Некои настани се очекувани, други допрва треба да се развиваат, но, повторно, во поволна насока за вас. Очекувајте интересни контакти со лица во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Можно е да развиете ново познанство со таква личност. Проблеми можат да настанат со машко лице во знакот на Близнаци, Вага и Водолија, кое има поинаква, различна природа од вас.

Која професија одговара на твојот хороскопски знак?

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Оваа недела ќе имате корист на некој начин од активностите на машко лице. Можно е да добиете помош, совет, заштита, предлог, итн од машко лице кое го знаете по неговата коректност. Посебен момент ќе доживеат мажите-Лав постари од 35 години. Ова би можело да биде пресвртна точка за промена или успех во животот. И покрај големите очекувања што ги имате за успех на еден план, потфат или желба, може да бидете предмет на некои песимистички расположенија. Желба може да се појави да се откажете или да ја вложите енергијата и ресурсите во нешто друго… Љубов, проблеми, недоразбирања. Расправа за ситни нешта, дејствија на себичност. Недостаток на трпение и толеранција може да загрози некои сериозни врски/односи. Во случај да не се постигне помирување, може да доведе до привремен или траен прекин на вашата врска.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Вашето внимание оваа недела ќе се фокусира на комуникација со жена и на информациите и настаните за кои ќе разговарате со неа. Ве чека размена на идеи, дискусија за можностите за заеднички бизнис, или синхронизација на заеднички акции во текот на годината. Овие настани може да имаат врска со жена од вашето семејство или со жена од вашата работа/бизнис. Ќе добиете вести во врска со кражба, неуспех или губење на престиж во животот на жена што ја знаете. Поволна недела за финансиски акции, разговори, примање пари или раскинување на обврски од финансиска природа. Нелојалност, обид за измама и манипулација од страна на девојка или млада жена ќе ве вознемири и ќе предизвика да бидете построги и бескомпромисни против нејзините активности и амбиции.

ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Изненадувањето оваа недела ќе дојде од работа, стари колеги или бизнис партнери и, воопшто, од нешто што е веќе заминато во минатото. Посебно изненадување ќе се однесуваат на повторно обновување на контакти, а во некои случаи на можноста за нов ангажман. Можна неочекувана одлука да ја напуштите/ промените вашата сегашна работа, поради појава на нова ситуација во вашиот живот или каде што работат. Тагата којашто некои од вас ќе ја чувствуваат за починато машко лице, сега ќе помине и ќе имате причина да бидете среќни, смирени, полни со надеж. Мажите-Вага над 35 години ќе излезат од период на депресија, несигурност, страв, вознемиреност, што се должи на поволни околности или нова можност. Ќе бидете во можност да стекнете некоја сопственост, предмети, опрема поради преголеми трикови на некој друг/други. Така, наместо тие, ќе победите вие.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Оваа недела ќе имате финансиски грижи што ќе се однесуваат на ваши пријателски или професионални односи. Можно е пријатели или деловни партнери да ги споделат своите финансиски проблеми кои се сериозен проблем за нив. Ќе ви побараат помош или ќе очекуваат помош од вас. Ќе се грижите за децата или младите роднини од семејството. Проблеми со деца може да се случат доколку вашата работа е на некој начин поврзана со нив. Ќе се ангажирате во продажба или изнајмување на имот, опрема, дом. Во некои случаи, може да станете жртва на нечија агресивност. Пазете се да не направите непријатни грешки од материјална природа.

Се наближуваат одморите па еве ви совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button