Реклама
Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 22-28 АВГУСТ, 2016! Еден знак го очекуваат пријатни моменти на задоволство, друг…

Реклама

Наполеон Бонапарта никогаш не го преболел тоа што морал да се разведе од Жозефина де Боарне, првата сопруга, и неговите последни зборови на смртната постела биле: „Франција, војската, Жозефина!“

nedelen22avgust vtora

Жозефина ја опишувале како темноока, темнокоса, со бел, чист тен и со суптилна фигура – не убава, туку навистина грациозна и шармантна, великодушна и со добро срце

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Посебно внимание ќе фокусирате на дете или млад човек. Тој, поради несериозност, наивност или заборавеност, ќе падне во неволја или сериозни тешкотии. Оваа недела би можела да биде непријатна и тешка за вас. Пред сè, обидете се да не го изгубите трпението. Брзи реакции се пожелни, но избегнете да преземете ризик. Постои можност за разделба со роднина, пријател или партнер поради животни околности, конфликт, или принуда. Разделбте по конфликт оваа недела, веројатно ќе немаат можност за помирување во иднина. Ќе се разделите со лице од семејниот круг поради патување или итни семејни причини. Кражба или некој вид загуба се можни во домот на роднини/пријатели.

БИК (21 април – 20 мај)

Оваа недела ќе се појави нова можност на работа или во вашиот бизнис. Можно е ова да биде првиот чекор кон значајни промени во вашиот живот. Тешко дека ќе ги реализирате плановите и очекувањата поврзани со патување. Особено кога работите се поврзани или зависат од пари. Одложување на некоја сума пари што ги очекувате од друга локација. Исто така, ќе има одложување или друг вид пречка/компликација поврзана со патување во странство. Во вашиот љубовен живот може да се појави необјаснив каприц/хир. Ќе има недостаток на разбирање за проблемите и можностите од страна на вашиот сегашен партнер. Емотивно, може да бидете подложни на несакани тестови за вашата врска, освен ако таа не ви е важна. Изненадувања на вашето работно место се повеќе од можни. Нови идеи ќе се појават за кои ќе се дискутира и разни предлози ќе се донесат. Екстра пари пријатно ќе ве изненадат поради поголема продажба, ако сте трговец или во случај да најдете и добиете нови клиенти.

ДЕВОЈКИ, ОМАЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ОСВОИТЕ ЏЕКПОТ: Овие 3 хороскопски знаци се одлични брачни другари

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Оваа недела очекувајте вести од лица во знакот на Лав, Овен и Стрелец. Тие ќе ги утврдат вашите претстојни планови и активности. Поволна недела за работа, бизнис, деловно патување или за друга важна цел. Може да бидете задоволни со понуда за вработување од друго место. Ќе добиете признание за својата работа што ќе дојде од далеку. Во секој случај, патувањата оваа недела ќе донесат силни емоции и искуства. Очекувајте решавање на конфликтна ситуација. Хармонизирање на прекинати или заладени односи и слично. Пријатни моменти на задоволство поради развој на значајни контакти и односи. Имате надеж, предвидување за успешен развој. Завршување на ваши различни прашања и проблеми.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Оваа недела ќе ве воодушеви кога ќе добиете пари од различни извори. Очекувајте вести или информации во врска со пари што ќе ги добиете со документ. Планирајте или очекувајте различни настани што се однесуваат на машко лице, веројатно член на семејството или близок пријател. Мажите-Рак ќе внесат повеќе енергија и ентузијазам во работите поврзани со семејството и роднините, без разлика каде се наоѓаат. Може да очекувате некои изненадувања од девојка или млада жена. Можни неочекувани гости или неочекувана покана можат да се здружат некаде. Неочекуван успех поврзана со жена или настан поврзан со раѓање на женска принова.

ПОРАДИ ОВИЕ 5 ПРИЧИНИ ТОЈ ЌЕ СЕ ВЉУБИ ВО ВАС: Исполнете ги и тој ќе биде засекогаш ваш!

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Очекувајте собирање, состанок или посети во врска со женско лице. Важен настан ќе биде поврзан со жена во знакот на Овен, Близнаци или Рак. Можно е акција или предлог од женско лице која ќе ве изненади. Оваа недела ќе имате значајни чувства на љубов. Чувства што ќе ги имате за некои луѓе или чувства што некој ги чувствува за вас. Ќе бидете многу емотивни и чувствителни. Ова ќе ги одреди вашите акции и одлуки во текот на неделата. Специјални моменти, настани и изненадувања може да очекувате од лица во знакот на Водолија, Вага или Шкорпија. Успехот во нивните животи ќе се одрази позитивно на вас.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Оваа недела добри вести ќе добиете во врска со машка личност од семејството или близок пријател. Мажите-Девица ќе бидат поканети на собир во друштво или на состанок. Вести поврзани со пари или финансиски документи ќе ве растажат или разочарат. Непредвидени трошоци ќе се појават за кои ќе бидете известени со писмо или е-пошта. Оваа недела ќе биде добро да размислите како да орасположите/да му излезете во пресрет на постар маж или едноставно на некој непознат во неволја. Во тесната соработка со колегите, внимавајте на активности и коментари од девојка/млада жена. Дефинитивно таа дејствува тајно, со некоја одредена цел, или под влијание на други.

Кои хороскопски знаци се (нај)верни, а кои неверни?

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button