Неделен хороскоп: Осамените Скорпии ќе запознаат нова прекрасна личност, а Јарците ќе чувствуваат напнатост во нивната врска

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Сето она што однапред го планиравте, сега ќе почне да се реализира. Кај многу од припадниците на овој знак ќе се појават и нови шанси за работа, па дури и во странство. Можеби ќе слушнете нешто за што досега ниту сте сонувале, а тоа ќе биде прилично добро. Само бидете со отворен ум и подготвени за промени.
Љубов
Ако бидете тврдоглави, бидете сигурни дека оваа недела ќе ви биде особено напорна, кога е во прашање врската со саканата личност. Осамените припадници на овој знак може да остварат интересен и занимлив контакт со личност од минатото. Дали нешто добро ќе се роди од ова? Па, мала е веројатноста.
Здравје
Ќе бидете нервозни, ќе имате и проблеми со спиењето. Постарите припадници на овој знак може да имаат проблеми и со крвниот притисок.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
На почетокот на неделата обрнете внимание на одосите со блиските соработници и оние кои ви се особено важни. Тензиите ќе бидат зголемени и може да се појават некои несогласувања и ситуации кои дополнително ќе ве збунат и нема да знаете како да реагирате. Најдобро е да останете смирени и да дозволите работите сами да се расчистат.
Љубов
Првата недела нема да можете да премолчите и да скриете некои работи од саканата личност. Едноставно, сето она што ви пречи, ќе морате да го кажете, без разлика на тоа дали и колку ќе ја повреди таа личност. Осамените припадници на овој знак ќе забележат дека некој сака да им го привлече вниманието, но и понатаму нема да реагираат на тоа.
Здравје
Полната месечина е во вашиот знак оваа недела, па сигрно ќе бидете подложни на големи проблеми во расположението и несоница. Постарите припадници на овој знак може да имаат мали проблеми со алергии.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»
0-