Хороскоп

Неделен хороскоп: Осамените Скорпии ќе запознаат нова прекрасна личност, а Јарците ќе чувствуваат напнатост во нивната врска

Advertisement

 hn2

 

Advertisement

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Работа

Advertisement

 Сето она што било во застој, полека ќе почне да се придвижува оваа недела. Некои од вас ги очекува навистина важен состанок со личност која може во целост да ги промени вашите досегашни однесувања во компанијата.

Љубов

 Вашиот партнер го промени своето однесување, но вие не сте сигурни дали тоа ви одговара или не. Како и да е, оваа недела вие ќе се трудите да бидете коректни и да ги издвоите убавите заеднички моменти. Слободните припадници на овој знак ги очекува комуникација преку телефон или социјалните мрежи.

Здравје

 Ако сте постар припадник на овој знак, моеж да имате тегоби со ‘рбетот, особено во рамената. Помладите ќе се чувствуваат одлично, освен со некои мали алергиски реакции.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Работа

 Оваа недела нема да се случува ништо особено и тоа ќе ве нервира. Но, контролирајте се себеси, затоа што работите полека ќе почнат да се расплетуваат. Ако почнете на сила да ги туркате работите, нема да добиете ништо корисно.

Љубов

 Најверојатно ќе имате некоја мешавина од емоции која ниту самите вие нема да можете да ја разберете, а вашата сакана личност нема да знае како да се однесува. Осамените Скорпии ќе запознаат некоја личност или преку пријател или преку социјалните мрежи, а карактеристична ќе биде разликата во годините.

Здравје

 Стресот е слаба точка и кај помладите и кај постарите припадници на овој знак. Затоа, време е да се посветите на себе и да промените некои свои животни навики.

Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Работа

 Оваа недела ќе имате толку многу работа и ќе имате премногу енергија, при што ќе се чудите како ви било порано кога работите биле помирни. Ви претстојат некои можности кои може да ве променат. Подгответе се за акција!

Љубов

 Вие сте премногу насочени кон она што ви е важно вам (а тука не спаѓа саканата личност), па емотивниот или брачниот партнер ќе се чувствува игнорирано. Затоа не е ниту чудно што саканата личност нема да биде расположена ниту да се дружи со вас, ниту пак да се кара. Осамените Стрелци ќе бидат окупирани со своето минато.

Здравје

 Постарите припадници на овој знак во првиот дел од оваа недела може да почувствуваат мали тегоби или благ пад на имунитетот. Помладите Стрелци ќе се чувствуваат одлично.

Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Работа

 Одеднаш повеќето работи ќе ви тргнат: Договори, контакти, документација, дозволи, проекти кои биле во застој… Проблем ќе ви биде тоа што во рок од 24 часа ќе имате пренатрупено обврски од сите страни. Земете длабок здив и подгответе се со добар план.

Љубов

 Полната месечина може да ви донесе напнати моменти во вашата емотивна или брачна врска. Но, тоа не е ништо страшно, затоа што набргу ќе го пронајдете вистинскиот начин да се смирите и да се вратите во нормална. Осамените припадници на овој знак ќе сфатат дека повеќе личности се заинтересирани за нив.

Здравје

 Помладите треба да обрнат внимание на своите заби, додека пак кај постарите може да се јават проблеми со циркулацијата или крвниот притисок.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button