Хороскоп

Неделен хороскоп: Осамените Скорпии ќе запознаат нова прекрасна личност, а Јарците ќе чувствуваат напнатост во нивната врска

Advertisement

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Advertisement

Работа

 Нешто поврзано со документи и договори конечно може да се оствари. Но, внимавајте затоа што оваа седмица ќе бидете прилично нервозни и напнати. Обидете се помирно и порационално да ја согледате ситуацијата околу вас и не реагирајте на провокации од лицемерните колеги.

Advertisement

Љубов

 Оваа седмица имате поддршка од вашиот партнер, па ќе уживате во слаткото задоволство. Од друга страна, оваа недела ви е енергетски нестабилна, но тоа не значи дека не можете да успеете. Некои од вас овој период може да имаат тајна комуникација и флертување со некоја многу блиска личност. Осамените Ракови ќе остварат нови познанства и ќе бидат фасцинирани од интелигенцијата и харизмата на некои личности.

Здравје

 Постарите Ракови треба што повеќе да се движат и да го коригираат начинот на својата исхрана.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Работа

 Сето она што го сакате може да се оствари на еден убав и културен начин. Можни се добри деловни шанси, но контролирајте ја својата нетрпеливост. Бидете мирни, ништо нема да пропуштите.

Љубов

 Ако само малку ги смирите немирите кои владеат во некои од вас, ќе сфатите колку подобро можете да функционирате со вашата сакана личност или брачниот партнер. Не обидувајте се да го контролирате партнерот или пак да го провоцирате, затоа што нема да добиете ништо позитивно. Уживајте во овој период и не уништувајте го со беспотребни разговори и забелешки.

Здравје

 На постарите Лавови овој период слаба точка им се крвните садови. Младите припадници може да имаат мали проблеми поврзани со варењето.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Работа

 Во првата половина на неделата потрудете се добро да ги согледате ситуациите околу вас и не постапувајте неразумно. Само слушајте, гледајте и размислувајте. Во втората половина, пак, веќе е време за дејствување, затоа што многу работи ќе ви станат појасни.

Љубов

 Осамените припадници на овој знак се привлечени од личност која е многу интересна, харизматична и многу привлечна. Но, внимавајте, затоа што токму таа личност која сте ја чекале долго време, може да биде зафатена.

Здравје

 Во првата половина на неделата ќе се чувствувате нервозни и ќе барате „издувен вентил“ за тој стрес кој го носите во себе. Потоа би требало работите да се вратат во нормала.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button