Неделен хороскоп: Осамените Скорпии ќе запознаат нова прекрасна личност, а Јарците ќе чувствуваат напнатост во нивната врска

Хороскоп од 04.09 – 10.09.2017 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Смирете ги малку вашите страсти и не им дозволувајте на другите од вас да го извлечат инаетот или пак да ви ја нарушат самодовербата и стабилноста. После работните задачи, посветете си се на себе.
Љубов
Првата половина од оваа недела ќе биде малку „неудобна“ за вас. Но, колку сте поискрени и поотворени еден кон друг со вашиот партнер, толку полесно ќе поминете низ овие неколку напнати денови. Доколку пак сте осамени и сакате да освоите некој, тогаш наместо повеќе внимание на физичкиот изглед, обрнете внимание на интелигенцијата, харизмата и разбирањето.
Здравје
Полната месечина на некои од вас може да им донесе проблеми со спиењето, силна нервоза и промена на расположението. Исто така може да имате проблеми и со премногу чувствителен стомак.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Ќе се нервирате затоа што вашите соработници во последен момент ќе сакаат некои промени, но најпрво добро анализирајте за подоцна да не се покаете за вашите постапки. Оваа недела повеќето ќе ви вршат притисок, па затоа бидете добро подготвени.
Љубов
Вие сте личност која поттикнува позитивни случувања во вашите врски. Но, во првиот дел од оваа недела ќе имате прилично комплицирани односи со вашиот партнер кој ќе ве иритира и ќе се карате за ситници. Осамените припадници на овој знак имаат две опции: Или ќе запознаат личност која е во нивна непосредна близина или ќе имаат средба со некоја личност од минатото. И едната и другата опција ќе ве заинтересираат.
Здравје
Постарите Бикови може да имаат проблем со екстремитетите, особено со рацете. Помладите ќе се чувствуваат одлично.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Полната месечина во полето на вашата кариера ќе ви донесе некои нестабилни ситуации со вашите колеги, но ќе морате да го зачувате вашиот мир. Не се карајте, работите може да бидат решени и на полесен начин.
Љубов
Ако сте зафатени, имате навистина добри можности да направите големи промени во односите со вашата сакана личност или брачен партнер. Оваа седмица ќе имате премногу енергија, па затоа внимавајте како ќе се однесувате.
Здравје
Водете сметка да не се повредите на работното место или при одвивањето на некои секојдневни активности дома.
Премини на следната страна >>