Неделен хороскоп: Овните ќе го дефинираат понатамошниот работен план, а Лавот ќе ги сокрива вистинските чувства
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
Оваа работна недела ќе чувствувате како малку да заостанувате со сите работни активности. Сепак, кога ќе ги сумирате работите, ќе сфатите дека сте направиле барем еден чекор напред, а тоа е доволно за да се мотивирате. Размислете околу скромноста.
Љубов
Оваа недела ќе имате мирни и хармонични одоси со вашиот партнер. Прифатете го ова како можност за унапредување на заедничкиот однос. Одреден момент можете да бидете збунети, но сето ова ќе ви изгледа привлечно и забавно.
Здравје
Не правете ништо на сила. Вложувајте онолку колку што можете.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
Откако ќе го анализирате постигнатото, ќе продолжите да размислувате за подобра иднина. Останува уште малку време за да ги завршите започнатите проекти. Не создавајте си самите притисок и нервоза.
Љубов
Оваа недела ќе морате повеќе да зборувате со личноста од спротивниот пол. Не значи дека на овој начин ќе ја зголемите блискоста, затоа што ќе зборувате само за површни теми. Оние вистинските чувства сепак ќе мораат малку да почекат.
Здравје
Не нервирајте се без потреба.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Оваа недела нема да бидете во најдобра форма за работа. Не само што нема да ви се работи, туку и околностите нема да ви го дозволуваат тоа. Природната последица од ова ќе биде недостатокот на мотивација.
Љубов
Ќе бидете расположени за различни љубовни случувања. Оние кои веќе се во подолга врска, ќе уживаат во романтичните моменти. Заедничкото време ќе ви поминува премногу брзо. Кај некои парови можни се и мали расправии, но без сериозни последици.
Здравје
Дружете се повеќе со вашите пријатели и повеќе шетајте. Тоа е вистинскиот лек за душата во овој период.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Кога ќе треба да комуницирате и да соработувате со другите, ќе ве фаќа нервоза. Најмногу затоа што од нивна страна работите нема да се одвиваат професионално. Сфатете дека не се сите толку отворени и креативни како вас, па понекогаш треба да им прогледате низ прсти.
Љубов
Ќе имате мали нервози со личност од спротивниот пол, но ќе ги компензирате со вашето друштво. Нема да имате посериозни расправии со големи последници, туку едноставно овој период ќе бидете малку емоционално раздалечени од вашиот партнер. Не е нешто што би требало да ве плаши.
Здравје
Можеби време е да размислите за детоксикација на организмот.
Премини на следната страна >>