Неделен хороскоп за периодот од 2 до 8 јуни 2013 година.
ОВЕН (21. 3. – 20. 4)
Работа: Можно е да барате многу во односот со еден Јарец или Рак и ќе ви биде тешко да им поверувате дека тие даваат сé од себе за да се заврши работата. Критички сте настроени кон оние кои не ги делат вашите ставови, а тоа може да ве доведе во конфликт со Близнак, Скорпија или Девица. Најлошо може да поминете со една Скорпија.
Љубов: не би било добро да се поставите премногу супериорно во односот со вашиот партнер, дури и ако имате причина за такво нешто. Наместо да го критикувате, пружете му ја вашата поддршка. Слободните Овни може да очекуваат познанство на кратка патека.
Здравје: Внимавајте во сообраќајот.
БИК (21. 4. – 21. 5)
Работа: Се наоѓате во фаза на исчекување на повик од некого со кого би оствариле добра соработка и ако се работи за Лав, Близнак или Девица, со малку тактика, ќе успеете да им ја наметнете својата волја. Добро би било да не ги јавно соопштувате вашите планови, затоа што транзитот на Месечината и не ви е баш наклонет за обелоденување на плановите.
Љубов: Како и на работа и во љубовта сте доста мистериозни и неспремни да направите некој помал компромис, но не сте сигурни дека тоа е најдоброто решение. Спремни сте да ги заштитите плановите на партнерот, но не на сметка на личните интереси.
Здравје: Можни се болки во грбот.
БЛИЗНАЦИ (22. 5. – 21. 6)
Работа: Вашиот знак е преполн со планети, но најважна е доминацијата на Марс, планетата на енергичност во вашата астролошка куќа на личноста, што ви дава силна волја и спремност да влезете во некои помалку непромислени акции.
Љубов: Ако сте мајски Близнак, внимавајте да не бидете премногу наметливи кога во прашање е некој заеднички план, посебно ако и партнерот е исто така Близнак. Би било добро да бидете повеќе попустливи, а доколку сте слободни, најверојатно ќе бидете премногу наметливи во додворувањето.
Здравје: Можна е повреда.
РАК (22. 6. – 22. 7)
Работа: Напорен период, иако ситуацијата започнува полека да се придвижува кон расчистување на односот со оние кои не ви биле наклонети. Чувствувате дека Јупитер се движи кон вашиот знак и ова би требало да донесе промена на подобро или разјаснување на нејасните и комплицирани работни ситуации.
Љубов: Повеќето претставници на вашиот знак не се спремни да прифатат нечиј совет околу љубовниот живот. Може да се доведете во незавидна ситуација поради недовербата кон партнерот кој ви предлага нешто што би било поволно за обајцата, без разлика дали се работи за нова работа или преселба.
Здравје: Можна е мала настинка.
ЛАВ: (23. 7. – 22. 8)
Работа: На претставниците на вашиот знак им одговара положбата на Марс во Близнаци, посебно ако сте јулски Лав. Во тој случај можно е да прифатите понуда за работа во медиуми, во некоја спортска организација или некоја работа која од вас бара чести патувања, контакт со луѓе. Родените пред крајот на знаков би требало да бидат внимателни во работата со Девица, Скорпија или Близнаци.
Љубов: Колку е побогат вашиот социјален живот, толку повеќе имате шанси да се ослободите од стресот и да ги намалите тензиите во односот со партнерот, посебно ако доаѓа до некои мали расправии без некои посебни причини. Слободните Лавови би требало да свртат внимание на еден Овен или Водолија, која можеби ќе им се јави преку некоја социјална мрежа на интернет.
Здравје: Намалете ги оброците.
ДЕВИЦА (23. 8. – 22. 9)
Работа: Доминантниот знак на Близнаци, за повеќето претставници на вашиот знак може да донесе прилично проблеми. Затоа не влегувајте во непотребни расправии со оние кои во суштина се ви наклонети, а само поставуваат логични барања.
Љубов: Семејниот живот е прилично напорен за оние кои не се прилагодливи, затоа што може да добиете чувство дека ви се наметнува некаква врста на дисциплина, која не ви одговара! Младите Девици9 или оние родени во 70-тите може да стапат во нова врска со некој што е максимално посветен на кариерата.
Здравје: Можна е повреда на зглобовите.
ВАГА: (23. 9. – 22. 10)
Работа: Претставниците на вашиот знак нема на што да се пожалат, иако најверојатно се оптеретени со бројни обврски, но со добра организација на работата, може да се постигне многу повеќе отколку што претпоставувате. Не пристапувајте им на соработниците со предрасуда дека имаат нешто против вас. Обидете се да ги почитувате роковите и обврските и може да очекувате исплата на време.
Љубов: Можни се хармонични односи со еден Лав, Водолија или Овен, но ќе биде потребно да ја покажете главната особина на вашиот знак, а тоа дипломатскиот начин на однесување. Во спротивно, можете да се доведете во ситуација да се расправате за некои не толку важни прашања.
Здравје: Уморни сте.
СКОРПИЈА (23. 10. – 22. 11)
Работа: Се имате натоварено со бројни обврски, големи амбиции, но би требало, доколку сакате тоа да го спроведете во дело, да оформите добра екипа на соработници, посебно помлади и да бидете спремни на компромис во рамки на тимската работа. Имате чувство дека многумина се непријателски настроени кон вас, или дека ви завидуваат на успехот.
Љубов: Тајната врска или склоноста кон паралелни врски може да ви донесе проблеми, посебно на оние Скорпии кои не кријат склоноста да ја шокираат јавноста. Ако сте долго во врска или брак, покажувате извесна доза на недоверба кон партнерот, посебно ако е многу помлад од вас.
Здравје: Избегнувајте задимени простории.
СТРЕЛЕЦ (23. 11. – 21. 12)
Работа: Прилично сте уморни од работните обврски, уверени дека можете да постигнете многу повеќе, а примарната задача која си ја имате поставено е да живеете што подобро, со што помалку работа. Сепак, ќе бидете спремни да прифатите нова работа, само поради парите.
Љубов: Било би добро да што поголем дел од времето со партнерот го поминувате надвор од дома, на кратко патувања или во дружење со пријателите. Присутна е извесна нетрпеливост и кај вас и кај партнерот, а сето тоа е поради непочитување на ветувањата кои еден на друг сте си ги дале.
Здравје: Можно е воспаление на мускулите.
ЈАРЕЦ (22. 12. – 20. 1)
Работа: Помеѓу желбата и стварноста постои голем јаз, а изгледа дека вие не сте во состојба тоа да го распознаете. Уверени сте дека сé што ќе осмислите, можете да го преточите и во дело, а ваквото размислување може да ве исцрпи, а прашање е дали ќе можете да го наплатите трудот! Послушајте ги советите на тие околу вас.
Љубов: Личноста со која се гледате на работата, или некогаш сте работеле заедно, често мисли на вас и на дискретен начин ќе се обиде да ве исконтактира. Многумина будно пратат што се случува во вашиот приватен живот, посебно ако сте на било кој начин присутни во јавноста. Немојте да дават повод за трачеви.
Здравје: Психичка напнатост!
ВОДОЛИЈА (21. 1. – 19. 2)
Работа: пред вас е еден убав период во чиј тек ќе можете да ги споите работата и забавата, а ова посебно се однесува на оние кои работат во медиуми, се бават си уметност или често патуваат преку работа. Искористете го шармот како главно оружје во комуникација со соработниците – тоа ќе ви биде од голема корист!
Љубов: Склони сте кон флертување, паралелни врски или дури и бесмислено додворување, кои може да ви донесе проблеми со оние со кои сте во стална врска или брак. Немојте да раскинувате во афект, посебно не ако сте во врска со Овен.
Здравје: Се чувствувате добро.
РИБИ (20. 2. – 20. 3)
Работа: Доколку работите во мала фирма, во која владее голема нетрпеливост, оговарање и слично, добро внимавајте кому и што зборите. Ако работите во приватна или семејна фирма, може да очекувате успех во некој нов проект. Покажете голема доза на прагматичност кога се во прашање парите.
Љубов: Имате потреба да си го организирате семејниот живот, така да ви остане доволно време за сите активности, но би требало да смените нешто во сопствениот став и оној кон семејството и партнерот, затоа што сте премногу критично настроени и многу барате! Слободните Риби може да очекуваат познанство во некое поголемо друштво.
Здравје: Избегнувајте газирани пијалоци.