Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп (26. 5 – 1. 6. 2103)

Реклама

Неделен хороскоп за периодот од 26 мај до 1 јуни 2013 година.

zodiiiak1

Маркетинг

ОВЕН (21. 3. – 20. 4)

Работа: Ситуацијата би можела да биде доста поволна, ако сакате да ја продолжите соработката со Вага, Девица или Стрелец. Добро внимавајте како ги вложувате парите и во што, може да се случи некој да сака да ве измами. Доколку е во прашање потпишување на договор – внимание! Играјте игри на среќа, може да имате неочекувана добивка.

Љубов: Ќе се обидете да го реорганизирате својот живот, така да ви остане доволно време за сé што ве интересира, а тоа е првенствено вашиот личен живот, кој би требало да биде во прв план. Имате голема желба за добар провод и за дружба со помлади од вас. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство со Близнак, а ќе добиете и прилика да се смирите со некогашната симпатија.

Маркетинг

Здравје: Можна е главоболка. Проверете го видот.

БИК (21. 4. – 21. 5) 

Работа: Бидејќи не можете да решите некој деловен проблем, можеби ќе мислите дека сте на некаков вид пресвртница, но би требало одлуките да не ги донесувате брзоплето. Максимално ја исцрпувате вашата енергија обидувајќи се да најдете некое решение кое би ви одговарало. Направете го она што морате. Завршете ги преостанатите работи и обврски. Постои можност за хонорарна работа која би можела да биде добро платена.

Љубов: Можно е да сте многу повеќе посесивни, отколку што имате желба да покажете. Обидете се да воспоставите контакт со оние кои некогаш ви биле многу драги, но обнова на врската не би водила кон она кое вие со право го очекувате. Ќе ви јави некој кој што одамна се интересира за вас. Ако е работи за Јарец, Риба или Скорпија, покажете повеќе разбирање и внимание, другата страна ќе знае да го цени тоа.

Здравје: Поштедете го црниот дроб од премногу алкохол.

БЛИЗНАЦИ (22. 5. – 21. 6)

Работа: Бидете спремни на голем деловен предизвик, можно е да имате силна конкуренција и да не сте спремни никому да ја препуштите лидерската позиција во нешто што вам ви е многу важно. Во овој период можете да воспоставите добри контакти со личности кои доаѓаат од други места. Можен е пат од лични и емотивни причини. Размислете дали работите премногу за мали пари и пронајдете дополнителна работа, ќе успеете во тоа полесно отколку што мислите.

Љубов: Многу Близнаци ќе можат да се израдуваат на фактот дека некој е спремен да им понуди заеднички живот. Некој се интересира за вас и се обидува да ве освои на романтичен начин, најверојатно ќе ви даде до знаење дека сака да одите на заеднички пат. Ако пак сте слободни, ви претстои запознавање со личност која се занимава со спорт.

Здравје: Би било добро и вие да започнете по малку да рекреирате.

zodiiiak3

РАК (22. 6. – 22. 7)

Работа: Во текот на овој период ќе имате можност да се сретнете со многумина кои ќе сакаат да ви понудат заедничка соработка, да ви го наметната својот стил на работа. Ако бидете добар дипломат, ќе пронајдете најдобро решение за своите проблеми. Имате многу идеи кои треба да ги реализирате заедно со нив. Некој ви нуди можност да преминете на ново работно место. Некој можеби ќе ве оптужи дека непримерно се ’растурате‘ со парите или дека не водите многу сметка за финансиите.

Љубов: Верувате во можноста за продолжување на врската со некој кој не бил секогаш фер со вас. Не ја отфрлате можноста да се сретнете со некој што сте го запознале на пат, кој често патува, или кој што работи со странци. Ако сте во хармонична врска или брак, партнерот ќе ве запознае со потенцијален деловен партнер.

Здравје: Променете го режимот на исхрана.

ЛАВ: (23. 7. – 22. 8)

Работа: Ќе се обидете да си го организирате животот така да ви остане доволно време за сé што ве интересира, можно е да се работи за работа со странци или пак во оквирот на стручното усовршување. Не бидете нестрпливи ако станува збор за соработка со доста напорни личности. Ви претстојат парични добивки од најмалку два извори на приход. Обидете се да не се нервирате ако исплатата касни.

Љубов: Пренагласениот знак на Близнаци може да доведе до подобрување на односот со сталниот партнер. Ќе имате прилика да се смирите со некој кој многу го цените, а ако сте слободни, ви претстои можност од ново познанство со некој што слушал многу позитивни работи за вас. Немојте да си дозволите да ве изнервира со провокација на сметка на поранешниот партнер. 

Здравје: Внимавајте на повреда на улица.

ДЕВИЦА (23. 8. – 22. 9)     

Работа: Многумина мислат дека некому терате инает, а можно е така да мисли и вашиот претпоставен. Имате многу нагласена амбиција и желба да направите нешто големо во животот. Обидете се да најдете работа во спортска организација или во медиумите, маркетинг фирма. Силно сте уверени дека другите се многу подобро платени од вас и тоа ве нервира. Верувајте во добрите намери на личност родена во знакот на Риби и со право очекувајте нејзина помош.

Љубов: Во љубовта барате многу и иако можете да делувате харизматично, партнерот не може да го добие од вас она што не сакате ад го дадете – во емоциите сте прилично ’шкрти‘. Во оваа седмица ќе се обидете да ’скршите‘ една Водолија, Близнак или некој Овен. Ова би можел да биде многу напорен период за оние кои се неадаптливи.

Здравје: Време е за рекреација или одење на мал одмор.

ВАГА: (23. 9. – 22. 10)

Работа: Партнерските односи може да донесат добивка, меѓутоа треба да се трудите да оставете позитивен впечаток и да бидете помалку авторитативни. Вашата работа ќе бара од вас да биде личност од збор. Можни се нови деловни соработки со Риби, Водолија или Јарец, а можни се и добивки преку Бик или Овен.

Љубов: Партнерските односи може да ве доведат до стресни ситуации, ако сте во врска со Овен или Јарец или пак сатисфакција ако се работи за Близнаци Или Стрелец. Потребна ви е поддршка од личност која ви е драга во врска со решавање на важни практични проблеми. Најверојатно ќе попуштете кон крајот на седмицата.

Здравје: Земајте здрава храна.

СКОРПИЈА (23. 10. – 22. 11)

zodiiiak2

Работа: Ви се јавува можност за соработка со нов деловен партнер, но можно е да станува збор за некој кој што не е ни приближно така пријатен како што сака да се претстави. Целата седмица е добра за нови работи, посебно ако се работи за солидна приватна фирма или ако сакате само да започнете некоја работа. Внимателно вложувајте ги парите, само во соработка со проверени соработници. Можна е обнова на соработката со некој Бик.

Љубов: Вие сте роден бунтовник, кој својата околина, а и својот партнер го оптеретува со нови идеи, како во врска со заедничката работа, така и во врска со заедничко патување. Делувате порелаксирани отколку што навистина сте, затоа што многу работи ви одат од рака. Можна е романса со друга Скорпија, Бик или Риби.

Здравје: Психички и нервно сте многу исцрпени, а можеби и не сте свесни за тоа.

СТРЕЛЕЦ (23. 11. – 21. 12)

Работа: Оваа седмица би требало добро да се снајдете, посебно ако вашата работа има врска со медиуми или патувања. Обидете се да се навикнете на новите услови на работа, некој ќе сака по секоја цена да ве придобие за себе и да ве наговори на заедничка работа. Некои работи во медиумите или уметноста ви одат од рака. Играјте игри на среќа – итоа на крајот од периодов.

Љубов: Близнаците и понатаму се најдобро решение за вас, но ако ви се допаѓа Овен, тогаш добро внимавајте како се поставувате со него. Ќе биде и заљубен и посесивен и многу осветољубив, ако не се однесувате онака како што тој очекува од вас. Можно е познанство со Вага или Риби, но нема да бидете на чисто што од нив очекувате.

Здравје: Внимавајте на остри предмети! 

ЈАРЕЦ (22. 12. – 20. 1)

Работа: Барате начин како да излезете од некаков си маѓепсам круг или како да се ослободите од непотребните обврски, а знаете дека уште многу работи немате завршено, а сте си ги поставиле како цел. Нагласениот знак на Близнаци за вас значи можност да пронајдете излез од ситуацијата, со помош на помладите соработници, кои може да ви се најдат при рака кај некои конкретни работи. 

Љубов: Во љубовта сте многу едноставни, но бидејќи сте обременети со работа, не можете да му посветите многу време на партнерот и тоа ви паѓа тешко. Иако можете да делувате харизматично, партнерот на може да го добие од вас она што му е потребно, бидејќи се наоѓате во некој свој свет и тешко му е да воспостави добра комуникација. Колку подолго сте во врска, толку повеќе имате можности молкум да се разберете.

Здравје: Се чувствувате добро.

ВОДОЛИЈА (21. 1. – 19. 2)

zodiiiak4

Работа: Верувате во можноста на обнова на соработката со Близнак, помлад од вас, со еден Овен кој наговестува многу нови заеднички работи со вас и со една Вага, која отсекогаш ви била наклонета. Не отфрлајте го планот кој се однесува на стручно усовршување. Потребно е да го обновите знаењето на странски јазици, затоа што може да ви се укаже прилика за работа во странска фирма или за соработка со странци.

Љубов: Свесни сте за својот темперамент и добро знаете дека нема да дозволите било кој да ви го наметнува својот стил, дури ни личност која ви е драга, без разлика колку и да е во право. На шармантен начин ја спроведувате својата волја, но не сте баш толку лојални, како што тоа би можело да се очекува од вас. Ја користите секоја прилика да ги шармирате оние на кои оставете многу силен впечаток. Слободните Водолии се на прагот од нова љубов. 

Здравје: Се чувствувате добро.

РИБИ (20. 2. – 20. 3) 

Работа: Цела седмица е добра за нови работи, посебно ако работите во солидна, приватна фирма, или ако сакате сами да започнете некоја работа. Имате многу идеи кои треба да ги реализирате заедно со некој Овен. Некој ви нуди можност за премин на ново работно место, можеби една Вага. Многу трошоци би можеле финансиски да ве дестабилизираат, затоа што ќе издавате поголеми суми на пари во врска со нешто што и не ви баш нужно.

Љубов: не би требало да влегувате во расправии со партнерот околу некои негови лични проблеми кои се однесуваат на неговото семејство или на неговите работни планови. Пронајдете ја вистинската мерка во сé, па и во начинот на кој го изнесувате вашето незадоволство од статусот во врската кој започнува помалку да ви тежи. Можно е да добиете повик од некогашниот партнер кој сега е слободен.

Здравје: Проверете ги маснотиите во крвта!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button