Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп (23. 06 – 28. 06. 2013)

Реклама

Неделен хороскоп за периодот од 23 до 28 јуни 2013 година.

hororskop2

Маркетинг

ОВЕН (21. 3. – 20. 4)

Работа: Пред вас е значаен период во кој можете да дојдете до добра заработка, посебно ако бидете спремни да се вклучите во работа која од вас ќе бара добра способност за комуникација со личностите кои соработувате. Полната Месечина во астролошката куќа на кариерата првиот ден од периодов носи можност за зголемување на евентуалните приходи.

Љубов: Ова би можел да биде еден од подобрите периоди за оние кои сакаат да го стабилизираат својот љубовен живот, да стапат во брак или планираат заеднички живот. Ако мислите дека вашата врска е стигнала до таа фаза каде што треба да доносете некои важни одлуки, како помеѓу вас и партнерот, така и во рамките на семејството, обидете се да постигнете согласност со оние кои исто така се вклучени во овие активности.

Маркетинг

Здравје: Се чувствувате добро.

БИК (21. 4. – 21. 5) 

Работа: Еднаш годишно полната Месечина во Јарец во почетокот на периодот овозможува да бидете успешни во работата, посебно ако работите во приватна фирма која соработува со странци или пак бара од вас чести деловни патувања. Транзитирањето на месечината во почетокот на периодов носи мали двоумења во врска со односот со една Скорпија, дали да ја продолжите соработката или не.

Љубов: Марс во Близнаци и влегувањето на Јупитер во знакот на Рак претставува симбол на страста која ја изразувате на вербален начин, а можен е и повик на заедничко патување. Можно е да означува и врска со спортист или некој кој што ќе биде многу посесивен, а со тоа и кај вас би можел да предизвика негативни емоционални чувства, како љубомора.

Здравје: Внимавајте на можни повреди, посебно од остри предмети.

БЛИЗНАЦИ (22. 5. – 21. 6)   

Работа: Позицијата на Марс во Близнаци ве тера да носите брзи и честопати непромислени одлуки под влијание на оние кои имаат високо мислење за вас. Влезот на Јупитер, планетата која симболизира странци и големи пари, во вашето астролошко поле на работа и заработка, носи можност за проширување на бизнисите. Можна е работа во медиуми или некоја голема и моќна фирма.

Љубов: Можни се нови познанства преку работата и средби со лица кои ќе покажат големо воодушевување и почит кон вас, нешто кое доста ќе ви импонира, а можно е да се работи за странци. Трудете се да им одолеете на искушенијата, посебно ако сте во постојана врска со партнер кој ви значи, а многумина ќе бидат упорни да го освојат вашето внимание.

Здравје: Можни се главоболки.

hororskop1

РАК (22. 6. – 22. 7)

Работа: Полната месечина во вашата астролошка куќа на партнерски односи може да значи многу нови шанси, претежно во работата со амбициозните колешки, без разлика кој пол сте вие. Жените во секој случај се ви доста наклонети и десна рака во работата. Ако сте млади, можни се добивки преку членовите на семејството кои живеат во странство или пак преку родителите.

Љубов: Транзицијата на Месечината носи врска со некој кој е изразито популарен во друштвото, а транзитот на Марс пак носи бурна љубов, силни емоции и избрзани реакции. Не смеете во афект да влегувате во врска или пак да раскинувате. Ако мислите дека во бракот премногу ви се меша семејството на партнерот, сфатете го тоа како помош и искористете го тоа на најдобар начин за вас.

Здравје: Несоница.

ЛАВ: (23. 7. – 22. 8)

Работа: Многу помалку сте активни отколку претходните месеци, а транзицијата на Јупитер преку знакот на Рак во кој има влезено после 12 години, носи можност за интелектуална работа или некоја друга, која би можела да ве направи популарна и надвор од границите на вашата земја. Периодов е добар за секаков вид стручно усовршување. Можно е да имате проблеми во работата со некој друг Лав кој ви ги оспорува вредностите.

Љубов: Доколку сте во фаза на освојување на некој кој често патува, потребно е трпение. Партнерот покажува големо интересирање за вашата кариера, но вие не му кажувате се што ве оптеретува, нити пак за своите планови. Не сфаќајте ги работите на крај срце околу она што ќе го слушнете за партнерот или личноста која ви драга и блиска туку следите ги своите чувства.

Здравје: Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА (23. 8. – 22. 9)   

Работа: Успешни сте во многу ствари кои за другите се незамисливи. Конструктивниот дел на вашата природа избива во преден план и вам ви поаѓа од рака да се истакнете. Успевате да ја повратите довербата во личностите кои не биле спремни да ви помогнат кога ви било најтешко. Искористете ги сите прилики да ја зголемите заработката.

Љубов: Исто како и во работа, активни сте и во љубовта. Ретко кој претставник на вашиот знак е слободен, напротив, ви се пружат разни можности и многумина ве повикуваат и се обидуваат да ви се наметнат. Многу повеќе сте романтични отколку што тоа изгледа на прв поглед, а предмет на вашите фантазии е атрактивна, најверојатно темнокоса личност.

Здравје: Се чувствувате добро.

hororskop3

ВАГА: (23. 9. – 22. 10)

Работа: Во текот на оваа седмица Јупитер влегува во знакот на Рак после 12 години и носи можност за проширување на соработката со странци. Многумина ви се восхитуваат, а вам ви цел како на најдобар да го пласирате своето знаење и своите идеи. Многу сте амбициозни по прашањата на заработка и не сакате никому да му го препуштите она што ви припаѓа. 

Љубов: Не би требало премногу да раскажувате на блиските пријатели или роднините за плановите кои се однесуваат на вашиот љубовен живот, без разлика дали сте слободни или не. Ако ви се допаѓа еден Овен или некој Стрелец, ќе мора да се потрудите да го освоите нивното внимание, посебно ако се често отсутни поради деловни патувања.

Здравје: Се наоѓате во добра форма. 

СКОРПИЈА (23. 10. – 22. 11)

Работа: Влегувате во поволен период, кога концентрацијата ќе ви биде многу подобра, а вие помалку или повеќе нервозни, иако има многу работи кои се на ваша страна. Некој лесно ќе ве поколеба во врска со она што го работите, а можеби ви е доста од сегашното работно место. Наскоро ќе настапат позитивни промени. Ќе треба да издвоите поголема сума на пари поради некакви документи или воопшто, службена работа. Позанимавајте се со неплатените сметки!

Љубов: Се имате комплетно препуштено и оставено случките сами да ве носат и прават прилично пасивен. Без разлика дали сте слободни или не, некој што живее во странство, претставува сродна душа за вас. Очекувате партнерот да ги реши проблемите наместо вас. Слободните Скорпии може да очекуваат повик од некој Јарец.

Здравје: Повремено нерасположение.

СТРЕЛЕЦ (23. 11. – 21. 12)

Работа: Ова за вас е период на големи амбиции и имате искрена помош и од помлади и од повозрасни личности од вас. Од помладите доаѓа конкретна поддршка и понуда за соработка во врска со работа во странство. Ако барате работа, ќе ја пронајдете со помош на повозрасна личност. И понатаму сте поприлично хаотични во трошењето пари, без разлика колку и да заработувате. Ако примате џепарлак – го немате, штом го добиете – веднаш го трошите. Ако барате работа, читајте огласи кои се однесуваат на работа во странство.

Љубов: Врската со некоја Водолија во станува заморна затоа што ви го кажува она што не сакате да го слушнете, а е вистина! Исти е случајот со Бик или Рак. Размислете, можеби грешката е кај вас. Единствено друг Стрелец или Скорпија се личности кои се вистински искрени со вас и можат да ви донесат нешто добро. Очекувајте повик од некој со кого порано сте биле блиски и со кого сега после подолго време повторно остварувате врска, но немојте да бидете премногу нападни. 

Здравје: Намалете ги оброците.

hororskop4

ЈАРЕЦ (22. 12. – 20. 1)

Работа: Ова е секогаш ваш период од годината, а оваа година транзитот на Марс преку Близнаци ве прави извонредно амбициозни и спремни многу работи да расчистите во ваша корист. Преку роднините или пријателите од странство во пристигаат некои пари или идеја во врска со некоја заедничка работа која ќе ве израдува. Можете во целост да се потпрете на соработката со Рак, Скорпија или Риби.

Љубов: полната Месечина во вашиот знак на почетокот од периодов носи многу нови и убави настани. Верувате дека можете да убедите некој кого го познавате доволно долго, а го доживувате како пријател, да го прифати вашиот повик за излегување. Ако сте млади, имате потреба од стабилна врска со некој кој во целост ќе ви биде верен.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

ВОДОЛИЈА (21. 1. – 19. 2)

Работа: Ќе бидете прилично ангажирани, но и претприемчиви и спремни на некои отстапки во работата со нови соработници, само за да работата се заврши како што треба. Ќе се бидете некому да ги наметнете своите идеи и заеднички проекти. Ќе ве привлекуваат игри на среќа кои и не се ви баш најдобар избор во овој период. Преку љубовниот партнер ви претстои пријатно изненадување, можна е понуда која што воопшто не сте ја очекувале.

Љубов: Станувате се поактивни во љубовта, посебно со личности кои се со темна коса или се во знакот на Јарец, Водолија или Риби. Некој пријатно ќе ве изненади со својот гест. Ако сте слободни, ви претстои познанство под романтични околности, можеби со Овен или Близнаци. 

Здравје: Одмарајте се повеќе.

РИБИ (20. 2. – 20. 3) 

Работа: Јупитер, планетата која најмногу влијае на вашиот знак, преминува во Рак, што се одразува на вашето поле на кариерата со забрзана активност и потреба што побргу да ги доведете работите на свое место. Не обраќајте внимание на муабетите туку следете ја својата цел. Имате поддршка од Девица, Јарец или Риби. Можеби ви каснат некои парични средства кои ги очекувате, но сепак ви претстои убава понуда за нешто ново.

Љубов: Имате поголемо влијание на партнерот отколку што мислите, но можно е да биде малку лут на вас ако сте премногу наметливи. Ако ви се допаѓа амбициозен Јарец, Бик или Скорпија, бидете спремни на компромис. Може да се случи неочекувана средба со некој кој и понатаму не е рамнодушен кон вас. Ова би можело да биде извонредно поволен период во кој ќе запознаете многу атрактивни личности.

Здравје: Се чувствувате добро.

Поврзано

Back to top button