Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп (09. 06 – 16. 06. 2013)

Реклама

Неделен хороскоп за периодот од 9 до 16 јуни 2013 година.

horroskkop2

Маркетинг

ОВЕН (21. 3. – 20. 4)

Работа: Ви претстојат значајни промени на работа, најверојатно на подобро, посебно ако се работи за приватна фирма или ако имате намера да започнете некоја самостојна работа. Доколку пак се бавите со уметност или спорт, можеби ќе остварите добра комуникација со Близнак, Вага или Стрелец. Можно е работа со странци или ненадеен пат во странство.

Љубов: Ако ви се допаѓа личност која што ја познавате веќе подолго време, ќе треба да се потрудите многу повеќе отколку до сега, доколку сакате да ја освоите нејзината наклоност. Постои некој кому ме е многу важно да ве импресионира, но вие (као) не обраќате многу внимание на тоа, иако ви е јасно за кого се работи. Прилично сте конфузни во сферата на емоциите. 

Маркетинг

Здравје: Пазете се на улица!

БИК (21. 4. – 21. 5) 

Работа: Сакате да направите нешто со кое на сите ќе им дадете до знаење дека од никого не зависите! Можно е да се работи за некоја понуда на којо чекате долго време и ако ја добиете веднаш, ќе ú пристапите на работата со многу енергија. Немојте да обраќате внимание на она што за вас го зборуваат завидливите колеги, туку најдете се при рака на некоја Скорпија или Јарец, во врска со нивна деловна дилема.

Љубов: Плутон, владетелот на вашата астролошка куќа на партнерски односи, се уште е во ладниот и воздржан Јарец, во напната атмосфера со Венера, поради што ќе имате мали проблеми во комуникацијата со партнерот. Ако ја покажете чувствителната природа на вашата личност, можеби ќе успеете да го одоброволите.

Здравје: Можна е мала настинка.

БЛИЗНАЦИ (22. 5. – 21. 6)

Работа: Имате многу работа и обврски, а најдраго би ви било кога би започнале некоја нова работа. Овој период е поволен, што се однесува до вашите планови за одење во странство, но најверојатно нема да бидете спремни да се прилагодите на темпото кое го наметнува шефот или пак ќе ви излезе работа која не сте ја очекувале.

Љубов: Авантурата на работа со една Вага е она што ве привлекува, дури и ако едниот од вас не е слободен. Вашата друштвеност е ваше главно оружје и најверојатно ќе бидете во прилика да сфатите до која мера сте популарни. Некој друг Близнак или Овен можеби ве сметаат за неодоливи. Планирајте заедничко патување со партнерот.

Здравје: Можна е вртоглавица!

horroskkop3

РАК (22. 6. – 22. 7)

Работа: Марс, планетата на акција во вашата астролошка куќа на тајни непријатели носи проблеми во комуникацијата со авторитети. Можеби малку ќе се колебате во врска со новата работа. Но, не треба да се преоптоварувате со она што го слушате на своја сметка, посебно од Скорпија или Овен. Направете нова стратегија во врска со работата.

Љубов: На почетокот и на крајот од овој период, Месечината, која владее со вашиот знак, создава предизвикувачки аспекти со планетите кои не мора да делуваат баш и позитивно на вашиот љубовен и семеен живот, посебно ако сте дел од осетливите претставници на овој знак. Ако пак сте слободни, можно е ново познанство на пат, или пак кај некого на гости или семеен собир.

Здравје: Болки во нозете.

ЛАВ: (23. 7. – 22. 8)

Работа: Месечината во фаза на растење преминува преку вашиот знак и ви носи многу нови можности. Немојте премногу да се експонирате, ако се уште не сте ги решиле деловните односи со партнерите, на многумина им смета вашата ароганција. Вага, Бик или Рак ви нудат заедничка работа, можеби во некаква тајност. Понудете му обнова на соработката на некој Стрелец од минатото, во доменот на науката или медиумите.

Љубов: Најверојатно сте вљубени, но и посесивни, прилично љубоморни, но тоа е сосема непотребно. Ќе се уверите дека партнерот е во подеднаква мера заинтересиран за вас, како и вие за него. Личност која што е слободна, ќе се обиде да ве освои, а можно е тоа и да ú појде од рака. Затоа добро промислете го секој нареден чекор.

Здравје:  Можна е мала настинка.

ДЕВИЦА (23. 8. – 22. 9)    

Работа: Собирате тим на добри соработници, затоа што сте уверени дека некој од сегашните има нешто против вас или пак дека би можел да ви направи проблем на работата. Само од вашиот став зависи дали некој ве доживува како самоуверена личност или некој што гради кули од карти! Финансиската ситуација би можела да се подобри при крајот на периодов.

Љубов: Ако сте во долга врска и со партнерот поминувате малку време поради презафанатоста, и нему и вам ви е потребна промена. Доколку сте во врска со Јарец, рак или Скорпија, можно е да биде потребно повеќе труд, за да ја доведете во ред врската. Некоја Вага се обидува да ви се наметне!

Здравје: Се чувствувате добро.

horroskkop1

ВАГА: (23. 9. – 22. 10)

Работа: Месечината, Венера и Меркур во своето транзитирање носат добивка, посебно на оние кои се склони да ризикуваат, но се спремни да прифатат нови идеи. Можна е некоја работа во тајност и најверојатно ќе бидете во прилика да се изборите за она кое што многу ви значи на дискретен начин. Скорпијата, Јарецот, Бикот и Ракот се ваши верни партнери, преку кои можете добро да заработите.

Љубов: Не сакате премногу да се нервирате околу нешто што во последно време ви има создавано сериозни проблеми. Можно е таквото нешто да се однесува на организацијата на заедничкиот живот и најверојатно партнерот нема многу разбирање за вашите обврски. Слободните Ваги може да бидат во прилика да запознаат некој Рак, Бик или Риби.

Здравје: Несоница.

СКОРПИЈА (23. 10. – 22. 11)]

Работа: Во средината од периодов, ќе започнете да планирате нови работи и би било најдобро да се ориентирате на водени и земски знакови. Истите ќе имаат многу нови идеи, ќе бидат големи ентузијасти, но без некој Бик, Јарец или Скорпија во екипата, тешко дека плановите ќе се остварат. Вашиот знак сака да се обложува, коцка и игра игри на среќа, па можно е да се случи да имате добра добивка. 

Љубов: Се обидувате да му ја наметнете своја волја на партнерот, но тоа го правите добронамерно и затоа тој не е лут на вас. Ако сте во врска со Овен или Близнак, најпрво добро осознајте со кого си имате работа, посебно ако станува збор за личност која по секоја цена сака да се експонира. Ќе мора да ја промените тактиката, инаку следи раскинување!

Здравје: Не јадете на нервна база.

СТРЕЛЕЦ (23. 11. – 21. 12)

Работа: Би требало да се чувствувате поласкано од понудата која ќе ја добиете од еден Овен или Близнак. Најверојатно имате уште незавршени работи, но барем знаете на што сте. Би било добро кога би се посветиле на некоја работа во медиумите, посебно со Бик или Девица. Ова е одличен период за обнова на соработката со оние со кои имате добро искуство.

Љубов: Можна е романса и ви претстои флерт со Бик, Близнак, додека Скорпиите и Јарците треба да ги одбегнувате. Можна е љубов со амбициозна и креативна личност која често патува и која ќе ви понуди заедничка работа. Слободните Стрелци може да се најдат во незгодна ситуација, да им се додворуваат двајца пријатели, т.е. пријателки ки меѓусебно се познаваат. 

Здравје: Би требало да се бавите со рекреација и да ја зголемите физичката активност.

ЈАРЕЦ (22. 12. – 20. 1)

Работа: Транзитирањето на Месечината ви овозможува да бидете успешни во медиумите, на испит, да започнете работа во која до израз ќе дојде вашата способност да решавате конкретни проблеми, но соработката со колегите може да биде доста напорна. Ако сте во дваесеттите, можни се добивки преку роднините, работа во студентска организација или преку хонорарна работа.

Љубов: Спремни сте да се впуштите во жестоки расправии со партнерот или членовите на семејството, како би се избориле за својата слобода. Тоа посебно се однесува на младите Јарци, додека оние кои се во брак, немаат многу време за партнерот. Некој што слушал доста за вас, ќе сака да ве запознае.

Здравје: Можна е мала настинка.

ВОДОЛИЈА (21. 1. – 19. 2)

horroskkop4

Работа: Не би требало да се нервирате поради ситуации на работата, посебно доколку ништо не зависи од вас, туку од надворешните фактори или повисоките работодавци. Внимавајте некој да не ви ја украде идејата и да не ве наговори на нешто кое вам воопшто не ви одговара. Не согласувајте се на компромис по секоја цена! 

Љубов: Ако сакате Овени и Лавови, слободно влезете во авантура со некој од овие знакови, кои инаку се ви наклонети и кои ве импресионираат. Доколку живеете во заедница со родителите, избегнувајте конфликти! Обновата на врската со Рак би можела да биде доста вознемирувачка.

Здравје: Би требало повеќе да шетате и рекреирате.

РИБИ (20. 2. – 20. 3) 

Работа: Меркур, планетата на бизнисот и Венера, планетата на богатството кога е во прашање работата, како и добрите сигнали кои Ракот ги праќа кон оние Риби кои знаат што сакаат и се спремни да се вклучат во некоја тимска работа. Имате прилика на партнерот, како и членовите на семејството да им докажете колку можете да заработите. Некој Јарец или Скорпија може да ви понудат работа од која може добро да заработите. 

Љубов: Астролошкото поле на љубовта, партнерството, бракот е во добра состојба со присуството на Венера, планетата на љубовта и Меркур, планетата на поезијата. Сепак, не треба да претерувате ако партнерот ви е склон кон лотарија, а можно е да é и да не е задоволен од многу нешта. Прилично ве иритираат коментарите на околината за вашиот љубовен живот.

Здравје: Проверете го видот, можна е главоболка.

{simplepopup}

{/simplepopup}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button