Кафе муабет

Не трошете ги своето време и енергија на другите луѓе, ве жали ли некој вас?

Advertisement

Светот, за жал, е место каде што секој ги следи своите интереси.

 vreme

Advertisement

Светот, за жал, е место каде што секој ги следи своите интереси. Сигурно барем еднаш имате слушнато или некаде сте прочитале дека не треба да ги трошите своето време и енергија на луѓе кои не можете да ги направите среќни. Не обидувајте се да им угодите на сите, зашто таа желба се граничи со лудило. На крајот ќе станете непријатели на другите, а најмногу ќе се повредите самите себе. Едноставно треба да бидете свои, и покрај вас луѓето ќе се чувствуваат убаво затоа што ќе забележат дека ги цените, почитувате и охрабрувате.

Научете кому можете да го подарите своето време и енергија

Не сожалувајте ги другите и не грижете се премногу за туѓите грижи. Ве жали ли некој вас? Кога ќе ги насочите своето време и енергија на работите кои ви донесуваат мир, ќе видите дека подобро е да се откажете од сѐ друго. Научете да не се грижите за туѓото мислење. Ги интересира ли нив вашето мислење? Гледаат ли тие што сакате вие? Внимаваат ли на вашите чувства? Не сте себични ако сакате да се заштитите од емоционалните и менталните грабливци кои постојат во овој свет. Тоа е суштинско за да можете да преживеете.

Advertisement

20 совети од еден од најдобрите психолози во светот: „Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек“ >>

Не занимавајте се со туѓите проблеми, не гледајте ги туѓите грешки. Единствено што можете да направите е самите да си бидете свој пример. Научите да не ги трошите своето време и енергија на она што не е под ваша контрола и одеднаш ќе се фокусирате само на она што можете да го контролирате. Тогаш ќе уживате во промените!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button