Реклама
MAMAКафе муабет

Не треба да ми ги ветуваш ѕвездите, доволно е да ме почитуваш онаква каква што сум

Реклама

Не сакам да ми ги ветуваш ѕвездите. Не сакам скапи подароци ниту луксузна облека. Не треба да ми ја докажуваш твојата сила и да ја мериш твојата љубов со материјалните работи.

Сакам само да ме почитуваш и да ме сакаш онаква каква што сум. Да се обидеш да ја разбереш мојата немирна природа и да сакаш да останеш со мене до крајот на мојот живот. Сакам да растеме и да созреваме заедно, да бидеме едно цело. Јас да бидам ти, а ти да бидеш јас. Сакам да се будам покрај тебе и да знам дека сум сигурна. Во твоите очи сакам да ја гледам мојата иднина, а твоите раце да ми бидат утеха и поддршка кога најмногу ќе ми треба.

Маркетинг

Не треба да ми покажуваш лажни делови од себе, ниту пак да се преправаш нешто што не си. Покажи ми ја својата вистинска личност и дозволи ми да те сакам онаков каков што си, со сите твои мани и доблести, со сите твои предности и недостатоци. Ништо повеќе не ми вреди од можноста ние да сме заедно и да градиме заедничка иднина.

Затоа, не ветувај ми ја месечината и ѕвездите, туку дозволи ми да допрам до твоите очи – поубави од ѕвездите и до твоето срце – посјајно од месечината!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button