Реклама
Наши ѕвезди

„Не сме ние Мизар, вие сте“ – ваква беше атмоферата на синоќешниот концерт на Мизар

Реклама

Култниот македонски бенд Мизар, вчеравечер одржа концерт во преполната сала во МКЦ.

Групата моментно работи на својот нов албум и веќе е објавен синглот „Псалм 135“, кој беше испеан вчера на почетокот на концертот, а по него следуваа добро познатите песни како Девојка од бронза, Магла, Истекувам, Градот е нем, Почесна стрелба, а концертот заврши со Златно сонце.

Маркетинг

На задоволство на публиката која бараше бис, бендот се врати на сцената и изведе три песни.

Маркетинг

Овојпат Мизар на сцената го претстави новиот главен вокал Нико Ѓоргиевски, кој е инаку, оперски пејач – тенор.

Нико, пред повеќе години ѝ стана познат на јавноста по едно музичко натпреварување за потрага на таленти, но веќе речиси деценија е сосема посветен на класичната музика. Основач е на Центарот за уметност и слободно изразување „Вруток“.

Оперскиот пејач одлично се вклопи во сензибилитетот на Мизар, а бројните аплаузи и овации од публиката беа потврда за неговиот одличен настап како вокалист.

Во основата на бендот се Горазд Чаповски на гитара и Илија Стојановски на бас и процесор, а на нив им се придружија Пеце Китановски (бас-гитара), Принц (клавијатури, придружни вокали), Драган Теодосиев (тапани), и вокалите од „Хармосини“ Сава Булатовиќ и Христијан Моневски (виола, кларинет, флаута, лира).

По скопскиот вчерашен концерт, ќе следува концерт и во Белград, а има планови за настап и во регионалните балкански центри во текот на 2025 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button