Реклама
Интервју

Не би ја поканил ИВОНА ЈОВАНОВИЌ за гостинка во мојата емисија – искрено со ДАВИД ДАВИДОВСКИ

Има навистина одлични соговорници и добри луѓе на нашава естрада, но има и лоши луѓе, вели водителот.

Реклама

Авторот и водител на емисијата „Ти реков ми рече” е секогаш добро расположен за разговор. И покрај тоа што важи за една од најекстарвагантните личности на нашата естрада и човек кој се чини дека нема проблем да одговори на ниту едно прашање, во ова интервју вешто ни одбегна одговор на едно од нашите прашања.

Давид со дел од гостите кои беа кај него по гостувањето имаше и јавна „кавга“ по социјалните мрежи, многумина одбегнуваат да дојдат кај него, но има и такви кои тој по никоја цена не би ги поканил! Кои се тие?

Во продолжение ни открива за се.

Маркетинг
фото/Инстаграм

 

Давид како е да си автор на свое шоу?

– Многу убаво затоа што ја работам работата која ја сакам, која ја правам најдобро што знам и за која студирам. Но сепак е тешко и за жал неблагодарно… Но искрено сум среќен затоа што на 21 година ја водам втората сезона од мојата прва емисија, сам без ничија помош го донесов најглемите наши македонски ѕвезди и стриктно заработувам само од оваа емисија, од овој мој прв шоу-проект.

Маркетинг

Бројни јавни личности ги угости во твојата емисија, лесно ли се стига до нашите ѕвезди?

– Има навистина одлични соговорници и добри луѓе на нашава естрада, но има и лоши луѓе. Јас сум несекојдневна појава, чуден сум, па морам да признаам дека сум навистина пресреќен дека сите ми гостуваат, па дури и оние кои се мега ѕвезди, големи имиња кои се тешки за да дојдеш до контакт со нив.

На пример: Васко Тодоров, Бени Шаќири, Јанко Илковски, Игор Стефановки-Иџе, Миле Кузмановски итн… Но го препознаваат мојот квалитет и квалитетот на мојата емисија. Ја сакам македонската естрада и затоа ја работам работава.

Дали ти помага некој во организација на емисијата?

– Не, апослутно се правам сам. Јас сум новинар и сам ги правам сценаријата, за разлика од многу мои голеги кои имаат вработени за тоа и организациите се под моја режија. Што се однесува за Брејк, тој е супер дечко со неговата продукција ,,Метрополис” соработувам, го почитувам и го сакам, иако некогаш знае да ме изнервира, не би зборувал нешто многу за него во ова интервју, мислам дека сега е многу зафатен тој со гостувања по други емисии.

Време е веќе тој да збори повеќе за Давид Давидовски. Јас се трудам и работам магијата на радиото кое ја има Метрополис да ја пренесам на слушатилете од сите генерации. Но не сум сигурен дека мојот труд е многу ценет…

Можеш ли да ни одвоиш некој кој не би го поканил да ти гостува во емисија?

– Оуу да, да… Не би ја поканалил Ивона Јовановиќ, затоа што е многу ,, уѕвездена”, мислам и дека е арогантна, но се уште е млада и верувам дека еден ден ќе сфати дека во Македонија не може да глуми ѕвезда. Како што кажав кај мене гостувале најголемите и најпознатите македонски имиња, ние сме малце на естрадата, треба да се сакаме и почитуваме, а и најстрашно е што сме мал пазар, мислам дека никој не треба да глуми ѕвезда! За жал има и такви како Ивона кои не го почитуваат и ценат моето дело и мојот труд, но за брзо време како што растам јас, така растат и моите стандарти и ќе се променат многу работи и многу стереотипни размислувања ќе се променат позитивно.

Давид дали си заљубен?

Вие како сте? Хахаха

Какви жени го привлекуваат Давид?

– Ме привлекуваат високи жени, постари жени сакам, пример 10-20 години постари од мене, ме привлекуваат жени кои се чесни, а воедно итри, сакам жени кои ќе го разберат мојот живот. Затоа што јас живеам брз живот, многу работам, професијата ми е пред се, карактерот не ми обичен, така да секоја која би се адаптирала на ова би бил спремен да ја оженaм.

 

Според тебе која наша пејачка е најубава?

– Има многу убави наши пејачки, но мислам дека најубава е Андријана Петрушовска, која за жал не е многу популарна… Но има амбиции и потенцијал да успее затоа што е навистина најубавата девојка која сум ја запознал.

За крај, што ќе им препорачаш на нашите читатели?

– Дека ги сакам сите! Македонија ќе се сплоди само ако се искорени сељачката арогантност и ако се сакаме и поддржуаваме меѓу нас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button