Реклама
BEAUTYНега и здравје

Навики кои НЕ ТРЕБА да ги практикувате ако сакате да имате подобар и поквалитетен сон

Реклама

После напорниот ден, сѐ што ни треба е добар одмор. Некои практикуваат попладневни дремки, а некои ја чекаат ноќта за да се одморат. Но, понекогаш некои навики не дозволуваат да имате квалитетен сон. Погледнете некои од нив, па обидувајте се да ги отфрлите од вашата рутина.

1. Долги телефонски разговори- иако вообичаено имате навика да се слушнете со некој од семејството или пријателите , тоа сепак може штетно да делува на вашиот сон. Истражувањата покажале дека на оние кои имаат долги телефонски разговори пред спиење им треба повеќе време да потонат во сон.

Маркетинг

2. Пиење алкохол- алкохолот го намалува квалитетот на спиењето и иако можеби полесно ќе заспиете, ќе се будите по неколку пати во текот на ноќта.

3. Постојано гледање на часовникот- проверување уште колку време ви е останато до будење само ја зголемува вашата тегоба. Држете го часовникот подалеку од креветот за да не ве доведе во ситуација постојано да го проверувате.

Маркетинг

4. Спиење со шминка –чистењето на лицето е задолжително пред да си легнете. Така се спречува зачепување на порите. Ако ве мрзи, ставете во близина на креветот влажни марамици за вадење нашминка и така ќе го решите овој проблем.

5. Конзумирање на кофеин- за кафето ни е познато , ама треба да сме свесни и за чајот и кока-колата како напитоци кои го нарушуваат сонот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button