Научниците го пронајдоа рецептот за убавина: Дали сте и вие во групата на најатраткивни луѓе во светот?
Веќе со години се дискутира на тема совршен изглед.
Научниците конечно дошле до заклучок дека симетријата на лицето, должината на прстите, бојата на коса, обликот на телото, природен мирис, гласот и устата се нештата кои утврдуваат дали сме привлечни за другите или не.
Луѓето несвесно се идентификуваат со познати личности, во настојување да ја постигнат нивната убавина. Кога зборуваме за совршен изглед, научниците дошле до заклучок дека најкомплицираната ставка која мозокот ја врши е да утврди дали некој е привлечен или не е.
Истражувајќи како мозокот ја одредува атрактивноста кај другите, научниците од Женева дошле до неколку заклучоци кои се тие одлучувачки фактори.
СИМЕТРИЈА НА ЛИЦЕТО
Научниците истакнуваат дека симетријата на лицето е, речиси, пресудна во одредувањето дали некој е атрактивен. Еднаквоста на симетријата на лицето укажува на добри гени во телото.
Дека правилната симетрија на лицето се одразува врз друштвениот живот е потврдено од фактот според којшто луѓето со правилна симетрија полесно стекнуваат пријателства и побрзо доаѓаат до посакуваната работна позиција.
Истражувањата посочуваат дека жените со правилна симетрија често доживуваат оргазам, а дека оние кои имаат еднакви дојки се, најчесто, и плодни.
ДОЛЖИНАТА НА ПРСТИТЕ
Истражувачите сугерираат на директна врска меѓу должината на прстите и нивото на тестостерон кај мажите. Имено, тие истакнуваат дека колку што е подолг четвртион прст во однос на показалецот, толку мажот има повеќе тестостерон.
Нивото на тестостерон е многу важно, бидејќи тоа ја одредува плодноста, добриот кардиоваскуларен систем и добрите гени. Оние кои имаат ваква големина на прстите се предиспонирани да имаат добра симетријата на лицето и телото.
Пред да почнете да ги разгледувате прстите на партнерот, нагласуваме дека студиите на Оксфорд покажале дека овие припадници на посилниот пол се поподложни на измама. За разлика од нив, оние кои имаат слична должина на четрвтиот прст и показалецот, тежат кон долгорочни односи и секогаш се верни.
СВЕТЛА КОСА
Се верува дека луѓето со посветла коса и очи потекнуваат од европските племиња пред 11.000 години.
Во историјата се сметало дека тие се повредни и поздрави, па често ги бирале за жени на владетелите.
Светлата коса со текот на годините потемнува, па затоа се верува дека таа означува и младост. Таа отсликува и зголемено ниво на естроген кај жените, како што тоа го отсликуваат и правилните црти на лицето, помалиот нос, понежната кожа и помалкуте влакна на телото.
Иако според науката русокосите се во предност во однос на бринетите, со години наназад психолошките истражувања утврдуваат дека титулата поатрактивни, сепак, ја имаат бринетите.
ОБЛИК НА ТЕЛОТО
Обликот на телото е во директна врска со симетријата на телото. Научниците утврдиле дека обликот на телото зависи од генетската предиспозиција од положбата и големината на коските.
Мажите сметаат дека совршената жена треба да има однос на струкот 7:10, а дека нејзиниот ИТМ (индекс на телесната маса што се одредува според висината и тежината) треба да биде 20,85.
Жените, од друга страна, се одлучуваат за однос на половината кај мажите од 9:10, да имаат посилна вилица и волшебни веѓи. Повеќето жена сакаат мажот да има бујна брада која ја одржува или да биде целосно избричен. Мажите кои имаат бради се сметаат дека се подобри татковци.
МИРИС
Научниците од Женева откриле дека, буквално, според нечиј природен мирис на телото ние чувствуваме кој ни одговара, а кој не.
Всушност, луѓето кои се најмалку слични на вас се оние кои, обично, најмногу ви одговараат.
ГЛАС И УСТА
Мажите преферираат жената да има понежени глас со високи тонови, затоа што тој означува младоликост. Гласот на жената станува подлабок со годините. А жените кои се пониски, обично имаат пискав глас.
Жените претпочитаат мажи со подлабок глас.
Исто така, мажите претпочитаат жени кои се смејат. Научниците утврдиле дека жените кои често се смејат се попривлечни, но и дека мажите кои покажуваат емоции не се толку атрактивни.