Реклама
Стил

Како нашите познати дами ги носат трендовите – Фатиме Фетаи како Меланија, Елена Велевска како Кардашијан, а Ева Заева како Џиџи Хадид

Реклама

Што мислите, дали стилот на овие дами изгледа светски?

Без разлика што во нашата земја трендовите обично стигнуваат малку подоцна, а некои парчиња кои се популарни во целиот свет, едноставно е невозможна мисија да ги најдете во нашите продавници, нашите познати дами не се откажуваат. Тие воопшто не изгледаат полошо од повеќето светски познати модни икони, а преку нивните комбинации што најчесто ги објавуваат на социјалните мрежи можеме многу лесно да дознаеме кои се актуелните трендови што во моментов се популарни и во светот.

Маркетинг


Маркетинг

Па така трендот со чизмите чорапи што често го „фураа“ многу познати убавици, а меѓу нив и Џиџи Хадид, неодамна можевме да видиме како го носи и Ева Заева која важи за една од најпознатите Македонки на Инстаграм. Или пак мрежестите чорапи, кои важат за еден од најпровокативните трендови во последните неколку сезони. Пред само неколку дена можевме да видиме дека одлично и стојат и на нашата фолк-пејачка Елена Велевска, како и бебешката сина боја која најпрво ја популаризираше Меланија Трамп, а потоа во оваа нијанса од глава до пети се прошета и обвинителката која важи за хит на социјалните мрежи, Фатиме Фетаи.

Ева Заева и трендот што веќе неколку сезони е хит и покрај тоа што на многумина им е одвратен >> 

Па, погледнете ги фотографиите што следуваат и кажете ни дали стилот на овие наши познати (и прекрасни) дами ви изгледа светски или не?

Лила Филиповска и популарниот ремен од Gucci

Погледнете како оваа македонка го носи модниот додаток по кој полудеа светските ѕвезди >>

Чизми над колена

Скинати фармерки

Јелена Спенџарска во капут од вештачко крзно

Широки панталони и ремен врзан на шик начин

Елена Стефановска во капут во црвена боја и чизми над колена

Блогерката Дани Ѓуровска во мрежести чорапи

Инаку, ситуацијата не е ништо поразлична и во соседството – тоа можеме да го видиме и од оваа фотографија на Северина на која позира во многу слично издание како на Кортни Кардашијан (бунда во боја и свилен фустан), но и од ќерката на Жељко Јоксимовиќ која исто така ги обожава чизмите што досега ги носеа многу познати ѕвезди.

https://www.instagram.com/p/BcMYDjMg3Q1/

Па, што велите за стилот на овие дами?

Овие необични чизми за едни се најодвратниот, а за други најпопуларниот тренд – погледнете како ги носи Eва Заева >

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button