Реклама
MAMAКафе муабет

Народни верувања поврзани со февруари: Што ни носи најкраткиот месец во годината?

Реклама

Февруари е посебен месец, краток и неодлучен, а помеѓу народот е познат и како „воден“. Со водата се’ поминува брзо.

ФОТО: depositphotos.com

И понатаму е студено, па никој уште не излегува од домот и на полињата нема работа. За овој месец се врзани некои народни верувања, а посебни обележја носат оние кои се родени во февруари. Имено, за нив тоа е најсреќниот месец во годината, се’ им оди од рака и имаат напредок. Личностите кои се родени во овој месец се многу интелигентни, сакаат патувања и да запознаваат нови личности.

Ако февруарското убаво време ги измами сите муви, март ќе ги истера. Старите луѓе велат дека подобро е во февруари да видете гладен волк, отколку работник на полето. Ако мачката се сонча на февруарското сонце, тогаш таа во март повторно ќе биде до топлата печка. Ако на свети Трифун паѓа дожд, сливите добро ќе родат таа година. Ако на Сретение Господово (15-ти февруари) грее сонце и биде топло, зимата ќе се одолговлечка и можно е во март да паѓа снег.

Маркетинг

Како и да е, на нас останува дали ќе веруваме во она што ни го пренеле старите или не. Најважно е да научиме да уживаме во најкраткиот месец во годината и да се трудиме да го направиме најубав што може!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button