Новогодишна декорација која го освои Интернет – еве што можете да направите од зимзелени гранки и шишарки (направи сам + видео)
Љубителите на животни ширум светот се воодушевени од овој магичен новогодишен еднорог, па погледнете да го направите и вие.
Ако сакате вашата новогодишна декорација да биде оригинална рачна изработка имаме фантастична идеја за вас со која ќе направите вашиот дом да изгледа како вистинско царство со новогодишни и божиќни украси. Декорацијата која го освои Интернет всушност е една необична новогодишна декорација која е одлична замена за традиционалните новогодишни венчиња. Ви ја претставуваме магичната елка еднорог која ќе го исполни вашиот дом со вистинска празнична атмосфера. Потребни ви се зимзелени гранки, ножички за кастрење на ружи, шишарки, црвени ленти и златен украс. Можеби звучи комплицирано вака, на прв поглед, но со јасното и кратко упатство во видеото и вие многу лесно ќе го направите вашиот еднорог.