Наместо хеланки, изберете еден пар вакви панталони
Без разлика што хеланките во модниот свет не се баш најпожелни, последниве неколку сезони тие се вратија на голема врата.
Тие се практични и удобни за носење, и тоа не важи само за оние моменти кога треба одиме да вежбаме, туку и за нашите секојдневни изданија, каде во комбинација со елегантни парчиња можеме да направиме топ комбинации без разлика за која сезона се работи. Ние обожаваме да ги носиме и кога треба да патуваме, но ако сте позната личност, која секогаш ја следат фотографи, тогаш морате постојано да бидете стокмени од глава до пети, бидејќи впечатокот што ќе го оставите е многу важен за она што го работите.
Миранда Кер важи за дама која знае како да комбинира практични и шик парчиња на одличен начин, па така беше и овој пат кога се појави во фантастично издание за патување од Лондон до Токио. Носеше панталони со богат цветен дезен кои доаѓаат од не така скапиот бренд бренд Ann Taylor додека преубавите сандали од плиш кои се со широки блок потпетици се со потписот на генијалниот Salvatore Ferragamo. Кратката кроп топ маица е од полиците на модната куќа The Row додека целата комбинација е заокружена со фантастичното сако од Saint Laurent.
Таа е краица на панталоните кои оваа сезона сите ги носиме >>
Па, дали ви се допаѓа оваа комбинација?