Нема Македонка што не би сакала да ги има овие чизми – единствениот проблем е што за нив треба да потрошите речиси половина од годишните патни трошоци на Силвана Бонева!
Откако се појавија на нивните рафтови, секоја година
Популарните чизми од „Saint Laurent“ според коментарите на многу Македонки на социјалните мрежи не се чизми, туку – магија!
Прв пат беа преставени од страна на луксузниот бренд „Saint Laurent“ во нивната колекција за есен-зима, а меѓу првите што ја имаа честа да ги носи беше ексцентричната дива Ријана. Таа буквално ги симна од манекенките на пистите и веднаш по ревијата се појави во еден модел, а наскоро следуваше вистинско лудило во целиот свет по нив. Станува збор за кожен модел зачинет со повеќе од 3000 Сваровски кристали кои се викаат Ники.
И манекенката Кеднал Џенер се прошета во нив, и тоа во потполно кежуал издание, додека Петра Еклстон ги носеше со мал црн фустан.
Сличен модел носеше и нашата позната водителка Елена Стефановска, во комбинација со здолниште о кожена јакна (види тука)
https://www.instagram.com/p/BcahxZFFqhE/
Но покрај изгледот, сите беа изненадени и од нивната цена.
Имено доколку се подготвени за нив да издвоите 10000 долари можете да ги порачате од интернет страницата на Нет-а-портер. Но доколку не сте подготвени за нив да платите колку и половина од годишните примања за патни трошоци на Силвана Бонева тогаш послушајте го советот на некои блогерки и обидете се да си направите свој модел.