Кафе муабет

Најнеобичните професии од кои можете да живеете

Advertisement

Немате работа? А дали би сакале да бидете дегустатор на храна за кучиња? Или повеќе преферирате да одгледувате марихуана?

Advertisement

Прочитајте кои се најнеобичните професии …

1. Испитувач на удобност на мебел

Дали некогаш седејќи на вашето омилено столче или лежејќи на вашиот неверојатно удобен кревет, се запрашувате дали би можеле тоа и да го работите?

Advertisement

Епа, некои среќници всушност токму тоа го работат за компании кои се занимаваат со мебел. Купувачите се секогаш најважни, зарем не?

2. Маскота

Сите деца се радуваат кога во забавниот парк ќе здогледаат маскота од некој јунак од цртаните филмови. Да ги правите децата среќни и весели не е лесна задача, постојано треба да бидете позитивни и насмеани. Сепак, седењето во огромен задушлив костум 8 часа дневно, 5-6 пати во неделата, ја прави оваа професија чудна и несекојдневна.

3. Дегустатор на кучешка храна

Внимателно луѓе, овој човек сигурно ќе мириса чудно ако застане блиску вас во супер маркетот. Како и секој друг вид храна, и кучешката мора да биде тестирана и проверена. Да претпоставиме дека кучето не би било релевантно само по себе за да се искористи како вршител на оваа професија, па затоа е потребен стручен човек кој ќе се занимава со оваа вкусна професија.

4. Нуркач по изгубени топчиња за голф

Доколку сте љубител на овој спорт, сигурно и самите знаете дека многу често се случува, при некој неконтролиран удар, топчето да падне во некое од езерата кои се наоѓаат покрај скоро сите професионални голф терени. Задачата на овој човек е секојдневно да нурка низ езерата, да ги наоѓа изгубените топчиња, а потоа да ги чисти за истите да можат повторно да се користат.

5.  Молзач на змии

Доколку некогаш ве касне змија, ќе им бидете вечно благодарни на оние луѓе кои знаат како да ги искористат влекачите. Тие се одговорни да го исцедат отровот од змиите за потоа да може да се направи соодветен противотров. Да бидеме искрени, колкумина од вас помислија дека може да станува збор за млеко од змија?

6. Одгледувач на марихуана

Не возбудувајте се премногу, сепак оваа професија не може да ја врши секој и секаде. Целта нормално не е да се продава и да се прави профит од марихуаната, туку најчесто таа се дава на некои лаборатории или хортикултурни училишта кои потоа ја испитуваат.

7. Создавач на накит од измет од птици

Не, не, верувајте ова не го измислуваме. Навистина има луѓе кои го собираат изметот од птиците и потоа комбинирајќи го со одреден вид смола, создаваат прекрасни алки, обетки и ѓердани. Па девојки би ви препорачал да си ја проверите вашата кутија со накит.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button